ФАКТОР НА ДЕНОТ: Лажни дојави за бомби имаше за училишта во Скопје, но и во Куманово
ДОЈАВИ ЗА БОМБИ ВО СКОПЈЕ И КУМАНОВО
Дојави за поставени бомби утрово имало и во основните училишта во Скопје, но и во Куманово.
Во тек е евакуација на три училишта во Општина Аеродром - „Горѓија Пулевски“, „Лазо Ангеловаски“ и „Александар Македонски“, се училиштата за кои засега има сознанија „Фактор“.Скопската градоначалничка Данела Арсовска во Само интервју вечерва кажа дека она што излегло од една политичка кујна е лага.
Имала една јавна средба со премиерот Димитар Ковачевски, каде биле присутни и други градоначалници.
„Зошто би размислувала за такво нешто“, праша Арсовска за тоа дали би се повлекла од функцијата.
Вели дека имала закани од еден исти центар и кажа дека со истото се соочиле повеќе лица.
„Јас да, сум имала закани од Христијан Мицкоски и тоа конкретно, лично и директно. Кога ќе бидам премиер, ќе те влечеме по улиците, ќе го бришеме подот со тебе“, рече Арсовска.Велат дека Арсовска она што го кажа во емисијата ќе треба да го докаже на суд.
ВУЧИЌ БАРА ВРАЌАЊЕ НА ВОЈСКАТА НА КОСОВО
Донесена е одлука сега во електронска форма, а утре изутрина лично, да доставиме барање до командантот на КФОР одреден број, од стотици, до илјада, наши сили да се вратат во КиМ, вели српскиот претседател Александар Вучиќ.
„Ова е прв пат српската влада да усвои вакво барање, на моја иницијатива. Се шпекулираше дека господинот Ѓинѓиќ го направил тоа во 2003 година, но не го сторил. Тој испратил писмо, но тоа не било формално и законско“, рече тој.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
