ФАКТОР НА ДЕНОТ: Лавина реакции откако е намалена казната на возачот кој усмрти девојче во Велес
НАМАЛЕНА Е КАЗНАТА НА ВОЗАЧОТ КОЈ УСМРТИ ДЕВОЈЧЕ ВО ВЕЛЕС
Ангелче Николов од Велес, кој во декември минатата година во пијана состојба и со огромна брзина удри во мајка и ќерка на пешачки премин во Велес, при што 11-годишната Магдалена почина, а мајката беше тешко повредена, доби големо намалување на затворската казна од Апелација.
Апелациониот суд од Скопје му ја намали затворската казна од 18 на осум години на Николов, кој лани на 17 декември, возејќи пијан на пешачки премин во Велес усмрти 11-годишно девојче и избега.
Претходно Николов ја доби најверојатно највисоката казна за ваков тип на сторено кривично дело. Во моментите кога го возел „мерцедесот“ тој имал забрана за управување на возило. Сообраќајката се случи на обележан пешачки премин.Жестока реакција на адвокатот Јанаки Митровски, кој го застапуваше семејството на малата Магдалена од Велес, која почина во кообната сообраќајка во декември лани, а за која Ангелче Николов првично беше осуден на казна затвор од 18 години.
Тој вели дека оваа последна судска одлука е шок и сол на рана за ужаленото семејство.ВТОР СЛУЧАЈ НА КОНГО-КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА
Министерството за здравство потврди дека една од вработените на Клиниката за инфективни болести која била во контаткт со младата жена од штипско која минатиот викенд почина од конго-кримска хеморагична треска по каснување од заразен крлеж, е позитивна на вирусот.
Присуството на вирусот кај вработената бил потврден во саботата во лабораторијата на ИЈЗ, точно 9 дена по контакт со пациентката која почина.
Вирусот на ККХТ се пренесува на луѓето или по каснување од крлеж или преку контакт со заразена крв. Преносот од човек на човек може да се случи како резултат на близок контакт со крв, излачевини, органи или други телесни течности на заболените лица.МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИСПРАТИ ВОЈНИЦИ ВО СЛОВЕНИЈА
Претседателот Стево Пендаровски како врховен командант на вооружените сили на Армијата на Република Северна Македонија издаде наредба до началникот на Генералштабот на Армијата да се преземат мерки за подготовка на контингент војници и материјално-технички средства коишто најскоро би биле упатени во Република Словенија за помош во справувањето со последиците од катастрофалните поплави кои ја погодија целата земја.
-Претседателот Пендаровски претходно во разговор со словенечката претседателка Наташа Пирц-Мусар изрази жалење и сочувство до Словенија и сите нејзини жители за загубите и штетите претрпени во поплавите кои беа со огромен размер и искажа подготвеност за помош.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
