Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Крмзов и другите осомничени го оштетиле буџетот за 90 милиони евра од купи-продај недвижнини

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Крмзов и другите осомничени го оштетиле буџетот за 90 милиони евра од купи-продај недвижнини

ДИРЕКТОРОТ НА БЈБ ВЕЛИ ДЕКА „МОНТИРАНИ ДРЖАВНИ ИСПЛАТИ ЗАВРШУВАЛЕ ВО ПРИВАТНИ ЏЕБОВИ“

Директорот на бирото за јавна безбедност, Александар Јанев на фејсбук напиша дека правдата во државата конечно доаѓа во државата.

„Конечно, тропа правдата!

По децении на молк, страв и политичка заштита, државата започнува да го расчистува најтемниот дел од својата пост-транзициска ера.

Со интегритет, решителност и координирано институционално дејствување, се иницира демонтажа на длабоко вкоренетата политичко-криминална структура која со години ја пљачкаше државата одвнатре.

МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ДА ГО ПОЛИТИЗИРА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски изјави дека случајот со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ нема да го политизира, туку како што рече како Влада ќе сторат се што е во нивна моќ за семејствата на настраданите и за Општина Кочани. Тој најави дека наскоро ќе го објават и проектот кој е планиран за градот и на кој се работи заедно со ЕУ. 

-Јас никогаш нема да го политизирам овој случај и како Влада ќе сториме се што е во наша моќ тоа да го направиме. И работам на еден таков проект, заедно со канцеларијата на Европската унија. Се надевам дека многу скоро до крајот на месецот ќе го објавиме - големината на овој проект и што ќе опфаќа овој проект за Кочани. Така што болката кај сите нас, а посебно кај родителите на загинатите луѓе од таа ужасна несреќа и на оние повредените ќе трае цел живот. Тоа не е сентимент, којшто се губи преку ноќ. Но ние како Влада имаме обврска и одговорност кон сите граѓани да се бориме за правдата и, правда како што гледате за разлика од принципот до сега, веќе има, изјави Мицкоски.

ЗАВРШИ УЧЕБНАТА ГОДИНА

Министерката за образование и наука Весна Јаневска, го честиташе крајот на учебната година и упати пораки до сите инволвирани во процесот.

„Честитки за успешно завршената учебна година, сите заедно продолжуваме со промените за поквалитетно образование

На основците и средношколците што денес ја завршуваат учебната година им честитам на напорната работа и заслужениот успех. Пред вас е летниот распуст, добро одморете се, но не заборавајте дека има време и за игра и за читање книга, и за забава и за совладување нови вештини, за дружење и за користење на компјутерот за истражување.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Словенечката компанија НЛБ Склади, која припаѓа на групацијата НЛБ, а неодамна стана сопственик на македонската компанија Генерали инвестментс, по што таа се преименуваше во НЛБ Фондови, ќе купува српска компанија, и тоа за градско осветлување и енергетска обнова на згради.

Интересен оглас осамна на сајтот Вработување.мк. Се бара јавен службеник во Јавно претпријатие, кој замислете, ќе зема нето плата од близу „еден бон“, или да бидеме попрецизни, нето од 59.000 денари.

Минатата година во просек за 12 евра од мегаватчас сме ја плаќале поскапо увозната струја отколку што нејзината цена изнесувала, односно се продавала на референтната регионална европска берза.

Малку по малку, сегашните акционери на „Македонијатурист“ докупуваат акции од таа компанија, а за тоа уредно ја известија инвеститорската заедница преку Македонската берза за долгорочни хартии. 

Во скопски Центар во наредниот период ќе се доселат илјадници нови граѓани, а капацитетот на осумте основни училишта е ограничен.

Фотографирање, рачни изработки, шиење, сликање, се само дел од хоби активностите кои можат да прераснат во бизнис. Дел од луѓето веќе се осмелиле и успеале хобито да го трансформираат во бизнис. Голем бенефит е тоа што социјалните мрежи денес нудат можности за промоција.

Слично

Поврзани вести