ФАКТОР НА ДЕНОТ: Крмзов доби 30 дена притвор, го товарат за направени милионски штети на државниот буџет
УАПСЕН Е РИСТО КРМЗОВ, ЌЕ ГО ГОНАТ ЗА ТРИ КРИВИЧНИ ДЕЛА И МИЛИОНСКИ ШТЕТИ ПО БУЏЕТОТ
Струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов доби 30 дена притвор. Мерката му е одредена поради опасност од бегство, влијание на сведоци и можност да го повтори делото.
Полицијата поднесе кривична за злоупотреба на 94,3 милиони евра државни пари. Струмичкиот бизнисмен Ристо Крмоз кој денеска го уапсија, ќе го гонат за три кривични дела.
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал криминал, во соработка со Оддел за криминалистичка полиција, Управата за финансиска полиција и Управа за јавни приходи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Р.К.(56) , З.К.В.(30) и В.П.(29), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „даночна измама“.ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО НА ВАЊА И ПАНЧЕ
Со парите од киднапирањето сакаа да финансираат свадби, возила, иднина за своите деца, изјави денеска обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска во завршните зборови во монструозниот случај на двојно убиство на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес. Таа рече дека тие верувале дека нема да бидат откриени злосторствата.
Обвинителството бара максимални казни за обвинетите.
„Насилното одземање на основното право на живот, особено кај дете, не е само чин на суровост и бруталност, туку директен напад врз човештвото“, рече обвинителката Жаклина Трајковска во завршниот збор за случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
АЗИР АЛИУ Е НОВ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВОАзир Алиу е новиот министер за здравство, а Албрим Хоџа нов заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Нив пратениците ги избраа на денешната 54. седница со 65 гласа „за“, 15 „против“ и ниту еден воздржан.
Алиу е дипломиран електроинженер и доктор по информатички науки кој и редовен професор на Факултетот за компјутерски науки и технологии при Универзитетот на ЈИЕ во Тетово. Алиу беше министер за информатичко општество и администрација во 2023 и 2024, во владата на СДСМ и ДУИ.МЕРКО Е ПРОГЛАСЕН ЗА НЕВИН ЗА СКАПОТО „АУДИ“
Рамиз Мерко, градоначалникот на Струга, доби ослободителна пресуда за јавната набавка на луксузниот автомобил „Ауди“ вреден 67 илјади евра.
Според судот, Мерко немал намера да стори кривично дело во врска со јавната набавка на автомобили. Според адвокатот на Мерко, Игор Петковски, судот не успеал да докаже дека Мерко прекршил каков било закон кога купувал автомобили за потребите на општината во вредност од 114 илјади евра.AЛЕКСАНДАР НАЦЕВ ОД ВМРО-ДПМНЕ Е ОПФАТЕН СО ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
