Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФAKTOР НА ДЕНОТ: Kризна состојба во Дебар и Центар Жупа, заразени уште четворица

ФAKTOР НА ДЕНОТ: Kризна состојба во Дебар и Центар Жупа, заразени уште четворица

НОВИ СЛУЧАИ НА ЗАРАЗЕНИ ИМА ВО МАКЕДОНИЈА

Денеска на седница Владата утврдила дека ќе се воведе кризна состојба на дел од територијата на земјава, односно општините Дебар и центар Жупа.

Ова е од причина што од Дебар денеска се потврдени уште четири случаеви на позитивни на коронавирус.

Денеска дошле за тестирање материјали од Центарот за јавно здравје од Дебар од уште 10 лица, кои се во врска со втората група хоспитализирани пациенти, бидејќи покажувале знаци, од вкупно 24, а тие сите беа во домашна изолација. 

Од тие десет досега за 4 е потврдено дека се позитивни, што значи дека има 4 нови позитивни пациенти. 

Донесена е одлука за кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа, а се затвора и ски центарот Маврово и граничните премини Џепиште–Требиште и Блато кон Албанија. 

Утре ќе се дискутира да се затворат моловите. 

„Доколку се утврди дека е место каде се собираат голем број луѓе, тогаш ќе размислиме да се затворат моловите“, рече министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето на ТВ Нова.

Вели дека доколку локалите и кафеаните не ја почитуваат оваа мерка, спремни се на порадикална мерка, односно целосно затворање. 


ВЛАДАТА СО ПОСТРОГИ МЕРКИ

Од денеска, сите пазарни, санитарни и трудови инспектори се на терен. Тајминг во кој треба да се најдат е во 17.30 часот, оттаму се распоредуваат и стартуваат со контроли. 

За непочитување на владините мерки и за работа после 18 часот, од денеска веќе ќе се одговара и кривично, што значи дека не е исклучена и казна затвор, предупредуваат инспекторите.

Опремени со сите возила што ги имаат на располагање, но и со заштитна опрема, инспекторите одат во теренска контрола да проверуваат дали кафулињата, рестораните, обложувалниците и казината ја почитуваат одлуката на Владата со која се забранува тие да работат после 18 часот.

Фактор ја праша Пазарната инспекција дали и вчера излегле на терен да проверат дали локалите ја почитувале препораката на Владата, која од денеска се издигнува на ниво на Одлука, што значи воопшто нема да има шега и прогледување низ прсти.

Вчера пазарните инспектори немале проблеми само со недисциплинираните локали, туку и со балоните во кои децата играат фудбал, со одредени објекти кои функционираат како пекарници, но во нив се собираат и луѓе....

СПОРЕД ПЕНДАРОВСКИ МОЖНО Е ПРОГЛАСУВАЊЕ КРИЗНА СОСТОЈБА

Во одредени подрачја или на цела територија е можно да се прогласи кризна ситуација.

За ова пред малку информираше шефот на државата кој кажа дека за во понеделник е закажана седница на Советот за безбедност.

На седницата, според кажаното од Пендаровски се повикани сите министри, како и министерот за здравство, Венко Филипче и началникот на Генералштабот.

Пендаровски од министерот за здравство ќе бара отчет што се е преземено досега во врска со ситуацијата во државата, односно за непознатиот вирус корона.

СЕ ЗАРАЗИ ДЕТЕ ВО ЗАГРЕБ, ЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНА И ВО КОСОВО

Во Загреб заразено e дете од предшколска возраст oд коронавирус. 

Градските власти денеска објавија дека со коронавирус е заразено дете кое одело во градинка, јавува порталот „Индекс“.

Градинката нема да работи во наредните 14 дена, а 119 дечиња ќе се стават во самоизолација. 

Оваа мерка ќе важи и за 16 вработени во градинката. 

Во тек е информирањето на родителите за ова и за мерките кои се должни да ги преземат.

Потврдени се првите два случаи на заразени од коронавирус во Косово. 

Косовскиот премиер Албин Курти и министерот за здравство Арбен Витиа на вонредна прес-конференција попладнево објавија дека се регистрирани првите два случаи на заразени од коронавирус во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Витиа информира дека се работи за 20-годишна италијанска државјанка и 77-годишен косовски државјанин.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Угостителите вчера главно ја почитуваа вонредната мерка за скратено работно време до 18 часот, но за возврат побараа од државата да им ги намали даноците и другите давачки за одреден период поради финансиските импликации кои се очекуваат да се јават подоцна во нивното работење.

Кафе баровите, рестораните, казината и обложувалниците од вчера работат со скратено работно време со преполовен капацитет, односно масите во овие објекти треба да бидат на соодветна оддалеченост. 

Долго размислувал за понудата од Христијан Мицкоски, да биде носител на листа на идните парламентарни избори. 

Игор Дурловски ќе ја предводи листата во петтата изборна единица, а во разговор за Фактор вели дека не се одлучил веднаш, но дека сега е убеден оти ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите. 

На многу девојки на интервјуата за работа им било поставено прашањето дали планираат да стапуваат во брак и да раѓаат деца. 

Девојките се жалат на дискриминација. 

Слично

Поврзани вести