Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Kривична за Спасовски, а Милошоски бара одговорност за амбасадорот во Италија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Kривична за Спасовски, а Милошоски бара одговорност за амбасадорот во Италија

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ПОРАДИ ЛИЧНИТЕ ДОКУМЕНТИ

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава за доскорешниот министер за внатрешни Оливер Спасовски бидејќи ги има оштетено граѓаните и буџетот, со тоа што знаејќи дека ваква обврска ќе стапи на сила, набавувал обрасци за лични документи, иако знаел дека граѓаните не можат да ги користат до крајот на рокот на нивното издавање, најавија од партијата.

Претходно кривична пријава против Спасовски и против МВР најави и движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски.

МИЛОШОСКИ БАРА ОТПОВИКУВАЊЕ НА АМБАСАДОРОТ ВО РИМ

Нашиот амбасадор во Рим, Весел Мемеди самоиницијативно до италијанските власти доставил нота во која ги известил дека и валидните патни исправи со името Република Македонија до 12 февруари се неважечки. 

„Со тоа, наместо да ги штити, тој постапил спротивно на интересите и правата на граѓаните“ реагира пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Со тоа вели на околу 100.000 македонски државјани кои живеат во Италија, им е загрозено нивното право на слободно движење, а загрозено им е и правото на постојан престој и дозвола за работа, што се врзани со валидноста на пасошите.

ПОВТОРНО ПРОБЛЕМИ СО ПРЕВОЗОТ ВО СКОПЈЕ

Од Јавното сообраќајно претпријатије(ЈСП), велат дека платите на вработените се на одобрување. 

По најавениот прекин на јавниот градски превоз за утре, поради неисплатени плати, од Јавното ЈСП Скопје, излегоа со став дека платите на вработените не доцнат. Оттаму тврдат дека „платите се исплаќаат редовно во тековниот месец“ правејќи споредба со други институции каде се доцни.

„Платите во ЈСП Скопје се на одобрување со доставени пресметки од овој месец со дополнителни работни часови, ноќна и прекувремена работа. Веруваме дека повторно постои политичка тенденција да се создаде вештачка криза таму каде што не постои“, се наведува во соопштението од ЈСП кое го пренесува државната агенција МИА.

ПРОГЛАСЕНА ЕПИДЕМИЈА НА ГОЛЕМА КАШЛИЦА ВО СКОПЈЕ

Од Владата разјаснуваат дека на ниво на Скопје уште од 8 февруари е прогласена епидемија на голема кашлица. 

Од таму додаваат дека епидемијата не треба да ја прогласи Владата откако препораката дадена од Комисијата за заразни болести ја потпиша Фатмир Меџити, ден пред да биде разрешен од функцијата министер за здравство.

Ова од таму што самата препорака од Комисијата за заразни болести не се однесувала на целата држава, така што Центарот за јавно здравје – Скопје е надлежен да постапи по препораките од Комисијата.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Хаосот со вадењето на лични документи на кои ќе стои новото име на државата Северна Македонија, ги расипа плановите на граѓаните и тие ги откажуваат патувањата. Од ова штети трпат граѓаните, но и туристичките агенции.

Пред осум години прв пат е доставено барањето за лекот „Трикафта“ до Министерството за здравство, а од 2020 се почнува со интензивна кампања со цел да се обезбеди терапијата со најсовремениот модулатор кој „од корен“ го менува животот на пациентите со реткото заболување цистична фиброза. Кај нас во Македонија се меѓу 130-140 пациенти и сите со душа го очекуваат овој лек.

Јавното претпријатие „Државни патишта“ на неопределено време вработи 143 инкасанти за наплата на патарина, по огласот што го објави пред крајот на минатата година.

Дали затоа што домашните и странските купувачи испиле помалку сокови или поради некои други причини, но компанијата „Фруктал Мак“ лани забележала сериозно намалување на својот профит, и тоа за 60 проценти.


Слично

Поврзани вести