Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кривичен ја уважи амнестијата за Ристевски, Вељаноски, Атанасовски и Јанакиески за настаните од 27 април

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кривичен ја уважи амнестијата за Ристевски, Вељаноски, Атанасовски и Јанакиески за настаните од 27 април

АМНЕСТИИ ЗА НАСТАНИТЕ ОД 27 АПРИЛ

Основниот Кривичен суд Скопје денеска донесе одлука по мислењето дадено од Јавното обвинителство за примена на Законот за амнестија за обвинетите за случајот „Организатори на 27 април“ – ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристески, како и поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски.

- Барањето за примена на амнестија поднесена од обвинтетите Трајко Велјановски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски се уважува. Се запира кривичната постапка против Трајко Велјановски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски поведена со обвинителниот акт на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од 31.05.2019 година за кривичното дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност од член 313 од Кривичниот закон - изјави судијата.

ГОЦЕ ТРАЈКОВСКИ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА

Гоце Трајковски, осомничен за подметнување пожар во кафуле во Кисела Вода, но и сведок во истрагата за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, сам се пријавил во полиција. Инаку, полицијата по него распиша потерница.

Тој заедно со таткото на Вања, Александар собирале докази и прегледувале видео-снимки. Сепак, Трајковски не се појави на судењето кое беше закажано за 15 ноември лани. Неговата мајка, Кираца Трајковска, тогаш кажа дека тој поради здравствени проблеми не дошол да сведочи. Потоа се дозна дека е осомничен за пожар во кафуле. 

ГРЦИЈА РЕАГИРА ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ ЗА „МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ“

Во неговата изјава во Њу Џерси, САД, премиерот на Северна Македонија одбра да зборува за „нерешено“ и „постоечко“ македонско прашање. Ова, претставува провокација за Грција, во обид да го врати во преден план прашањето што е решено, како што е познато, дефинитивно и неотповикливо, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, јави дописничката на МИА од Атина.

- Грција потсетува дека за дополнителниот напредок во билатералните односи со Северна Македонија и непреченото продолжување на европскиот пат на соседната земја предуслов е целосното почитување на Договорот од Преспа и секако воздржување од иредентистички декларации и претензии кон соседните земји, пишува во соопштението од грчкото МНР.

ТРАМП ПЛАНИРА ДА ЈА ПРИТИСНЕ РУСИЈА ЗА КРАЈ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе побара од Саудиска Арабија и ОПЕК да ја намалат цената на нафтата. Tој е изненаден затоа што тоа не го сториле пред изборите.

„Не покажаa многу љубов, тие не го направија тоа. Бев малку изненаден од тоа. Ако цената падне, војната меѓу Русија и Украина ќе заврши веднаш”, вели Трамп. 

Сега цената е доволно висока за да се продолжи војната. 

„Можеме да ставиме крај на војната”, додаде тој.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Повеќе природни состојки можат да се употребат за правење на органски препарати и за заштита на насадите од штетници. За таа цел можете да искористите сода бикарбона, оцет, лук, кромид, бибер,  чили, коњско опавче, пепел, бршлен, коприва и друго. 

Колкав регрес за годишен одмор добивте минатата година? Ова прашање си го поставуваат многу од пријателите кои работат во различни компании, а висината на популарно наречениот К15 често се смета и како прашање на престиж и своевиден показател за моќта на компанијата, па колку повисок ваков надоместок ќе подели газдата, толку тој мисли подобро за благосостојбата на своите вработени.

ЕСМ Продажба даде братска понуда за да го снабдува со струја македонскиот државен електропреносен систем-оператор МЕПСО. ЕСМ Продажба ќе наплаќа само 3,45 отсто провизија за струјата што ќе се фактурира по цена на берзата ХУПЕКС. 

Владата ги ангажирала поранешните функционери од ерата на владеењето на Никола Груевски - Владимир Пешевски и Трајко Вељаноски како надворешни соработници на премиерот Христијан Мицкоски.

Пратениците од редовите на политичката партија Левица во Собрание доставија предлог измени на Законот за пратеници, со кои бараат да се ограничи сумата која можат да ја подигнат пратениците за патни трошоци. 

Слично

Поврзани вести