ФАКТОР НА ДЕНОТ: Крилото на Села предлага нови министри
ПРЕДЛОЖЕНИ НОВИ МИНИСТРИ ЗА ЗДРАВСТВО И ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО И АДМИНИСТРАЦИЈА
Алијанса за Албанците ги преложи Илир Демири и Наим Бајрами за министри за здравство и информатичко општество и администрација.
Управниот совет на Алијансата за Албанците со 5 гласа од 7, едногласно одлучи:
За министер за здравство се предлага Илир Демири – актуелен директор на Клиничка болница -Тетово.
За министер за информатичко општество и администрација се предлага Наим Бајрами, магистер по политички науки.
Кадровската комисија на АА вчера побара од владата да бидат разрешени министрите Фатмир Меџити и Азир Алиу.ШТРАЈКОТ НА ФЗОМ Е ВО МИРУВАЊЕ
Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Дејаноски, потенцира дека штрајкот на вработените во ФЗО денеска е ставен во мирување, односно дека не е прекинат, а следи по препоарката на Владата која беше донесена вчера и денешната на УО, со што вели, само е потврдено она што е договорено со менаџментот на Фондот минатата година, дека платите на вработените ќе пораснат за 15 отсто.
- Жалиме што дојде до ваква разрешница - да дојдеме до штрајк за Владата да препорача да останат истите плати. Ги зацементиравме платите до 31 мај, оваа година. Можам само да се надевам дека и по 31. мај ќе остане истата вредност на бодот и дека Владата нема да се меша во независноста и во работењето на Фондот за здавство и во работењето на работниците. Ова покачување ќе значи продолжување на редовно извршување на работните задачи на вработените во ФЗО, дека сите граѓани ќе бидат сервисирани во нивните барања, рече Дејаноски изразувајќи воедно благодарност до Владата и премиеорт, до медиумите за поддршката на нивните активности, до вработените и до покажаното единство како и до граѓаните што покажа разбирање.ЕПИДЕМИЈА НА ГОЛЕМА КАШЛИЦА ВО СКОПЈЕ
Во Македонија во моментов има 18 случаи на голема кашлица. Тоа, како што изјави претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски, се засебни случаи и токму тоа е причина да се прогласи епидемија на територијата на град Скопје, за да не се дозволи да се појават кластери.
-Со оглед на последните бројки, 18 потврдени случаи со голема кашлица и имајќи предвид дека во изминатите денови овој број расте, особено на територија на град Скопје каде што се потврдени 14 случаи, се одлучивме да предложиме да препорачаме прогласување на епидемија за град Скопје. Прогласувањето на епидемија ќе ни даде можности многу полесно да ја ублажиме ситуацијата, еве веќе гледаме дека дневно имаме два нови случаи пријавено се засилува.ВАНКОВСКА Е КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЛЕВИЦА
Откако партијата „Левица“ денес објави дека нивниот претседателски кандидат е професорката Билјана Ванковска, се огласи професорката на нејзиниот фејсбук профил.
„ Ви благодарам на сите за “цунамито” на топли пораки во месинџер и на телефон. Се обидувам да им одговорам на сите.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Комисијата за заразни болести денеска ќе има средба на која ќе се разговара за актуелната состојба за сите заразни заболувања, не само за големата кашлица и за сезонскиот грип. Според здравствените власти, пикот на грипот се очекува да биде кон крајот на месецов и почетокот на март.На 14 февруари се слави Свети Трифун, денот на лозарите и Свети Валентин, денот на вљубените.
