Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Koвид сертификатите остануваат, ќе се укинат кога ќе се намали бројот на заразени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Koвид сертификатите остануваат, ќе се укинат кога ќе се намали бројот на заразени

КОВИД СЕРТИФИКАТИТЕ ЗАСЕГА НЕ СЕ УКИНУВААТ

За да Македонија ги укине ковид сертификатите, ќе треба да се намали бројот на инфицирани од коронавирус.

Ова го кажа портпаролот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ кој потенцираше дека , сертификатите се на сила за да не се шири вирусот.

-Тогаш кога ќе имаме подобра епидемиолошка состојба и бројките нема да бидат толку високи, може да зборуваме за укинување и на мерката ковид сертификати, потенцираше Мехмедовиќ.

ДЕНЕС ИМА 1.091 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНА

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.702 тестови, а регистриран е 1.091 нов случај на КОВИД-19:

Скопје – 586, Битола – 58, Куманово – 52, Тетово – 44, Кавадарци и Велес – по 39, Прилеп и Струмица – по 29, Кичево – 23, Штип и Неготино – по 22, Гостивар и Охрид – по 20, Кочани – 16, Гевгелија и Ресен – по 13, Струга – 11, Свети Николе – 9, Дебар – 8, Радовиш, Крива Паланка , Берово и Пехчево – по 5, Богданци – 4, Демир Хисар и Демир Капија – по 3, Делчево, Валандово и Македонски Брод – по 2, Виница и Кратово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.091), регистрирани се 156 реинфекции.

ТВ ПРЕЗЕНТЕРКА И СИНОТ НА МУСЛИУ ЌЕ СТАНАТ КОНЗУЛИ?

Синоќа владата на затворена седница, по предлог на Министерството за надворешни работи, го утврдила предлогот во Њујорк да биде пратена за македонски генерален конзул Бесмира Ејупи, позната во јавноста како ТВ-презентерка.

Во наредниот период во консултации со кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, официјално ќе биде побаран агреман од земјата домаќин за новиот конзул.

Неодамна е донесена уште една одлука за Петрит Муслиу за генерален конзул во Чикаго. Муслиу, инаку синот на аналитичарот Алберт Муслиу неколку недели веќе е во Чикаго во македонскиот конзулат.

СОНК БАРА УСОГЛАСУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) долго време бара да се усогласат платите во образование по колективен договор со минималната плата на национално ниво. Ова прашање повторно стана актуелно по новата одлука на надлежните согласно која минималната плата во државата ќе изнесува 18.000 денари.

Јаким Неделков, првиот човек на СОНК, за Факултети.мк најави штрајк ако не најде заедничко решение со одговорните во Министерството за образование и наука (МОН).

ПАНЧЕВСКИ ИЗЛЕГУВА ОД ЗАТВОР

Поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски утре би требало да излезе од истражниот затвор Шутка каде пред речиси две недели се пријави да ја издржува затворската казна од две ипол години, која му беше досудена за случајот „АКМИС“.

Извори од затворот во Шутка за Фокус велат дека Панчевски утре треба да излезе од затвор откако тие официјално ќе добијат решение од Врховниот суд.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Откако се дозна дека во кумановската населба Гоце Делчев се вселила еврејска секта, на социјалните мрежи имаше голема поделеност меѓу граѓаните за тоа дали треба да бидеме загрижени поради доаѓањето на овие луѓе или не.

Прво тест за интегритет, па вработување во Министерството за внатрешни работи. На сите што ќе сакаат да бидат дел од МВР, но и на веќе вработените полицајци, ќе им се прави тест за интегритет. Кога еднаш ќе докажат дека го имаат, на припадниците на МВР тоа нема да биде еднаш засекогаш дадена потврда, туку нивниот интегритетот постојано ќе треба да се реоценува. За полициските службеници ќе се воведе и обврска за пријавување на нивниот имот и интереси, а тие нема да смеат ниту да членуваат во политички партии.

Зимската Олимпијада во Пекинг влегува во последната недела. И додека спортистите ги бројат медалите, рекордите и успесите, светската ски индстрија веќе прави проценка на парите. Ски ресортите беа силно погодени од пандемијата со коронавирусот, па може ли една од најскапите Олимпијади во историјата тоа да го прмени?

Во три скопски поликлиники веќе од денеска, матичните лекари ќе имаат можност на нивните пациенти да им закажуваат тестирања за ковид-19 со брзи антигенски тестови.

Слично

Поврзани вести