Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски влезе во вербален дуел со Румен Радев

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски влезе во вербален дуел со Румен Радев

КОВАЧЕВСКИ ВО ВЕРБАЛЕН ДУЕЛ СО РАДЕВ

Наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците и наследниците на Радев во македонскиот Устав, му одговори македонскиот премиер Димитар Ковачевски на бугарскиот претседател Румен Радев. 

Вели дека уставните измени се дел од Преговарачката рамка со Европската Унија „бидејќи ние преговараме со ЕУ, не со Бугарија“. 

„И затоа сметам дека тоа е нешто што ќе тече како процес и е нешто што треба да се случи со оглед на тоа дека државата треба да стане членка на Европската Унија, бидејќи граѓаните го заслужуваат тоа“, вели Ковачевски.

Радев за БГНЕС изјави дека Мaкедонија може да каже дека гради модерно општество кога ќе ги впише сонародниците на Гоце Делчев во Уставот. 

Изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека односот на Бугарија кон Македонија, наликува на оној на Русија кон Украина ги налути Бугарите. Нему му реагираа и бугарски пратеници кои порачаа дека е „неправда некој денес да се осмели да ги спореди со Руската федерација“.

АГЕЛЕР Е РАЗОЧАРАНА ОД ОПОЗИЦИЈАТА

Американската амбасадорка во Северна Македонија, Анџела П. Агелер е уверена дека процесот во кој е инволвиран „Бехтел“ е целосно транспарентен и законски, бидејќи, како што вели, тоа е начинот на кој функционира оваа компанија, во спротивно не би имала проекти насекаде во светот и неколку во регионот на Западен Балкан.

Агелер во интервју за МИА изрази разочарување поради тоа што опозицијата, како што вели, без да располага со сите факти и информации, го критикува проектот, нагласувајќи оти тоа го прави од политички причини, за добивање политички поени.

ПОПЛАВИ ВО РЕГИОНОТ

Хрватска се приближува до сценариото од 2014 година: Никогаш поголема паника поради поплави, никој не го слуша плачот на исплашените луѓе

Хрватска беше погодена од најразорните поплави во изминатите неколку години, многу слични на оние со кои се соочи оваа земја во 2014 година. Дел од земјата е веќе целосно поплавен, на терен има стотици припадници на спасувачките служби, кои на секој начин се обидуваат што поскоро да ги евакуираат луѓето од поплавените подрачја и да изградат насипи за да ги спречат надојдените водни порои. Згора на се, некои хрватски политичари кои го сочинуваат самиот врв на државата „се обидуваат да ги смират“ исплашените граѓани кажувајќи им дека ситуацијата е многу полоша во другите европски земји, како што е Италија, со која исто така се соочува катастрофални поплави.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Најавените измени на Законот за облигациони односи и на Законот за извршување ја разбрануваа економската заедница, но и јавноста. По најавите дека се прават обиди за забрзување на нивната постапка со цел поскорешно изгласување, до медиумите стигнаа бројни реакции од засегнати институции и компании кои загрижено коментираат дека планираните измени ќе удрат врз граѓаните кои навреме ги плаќаат обврските.

Струмица е единствена голема македонска општина која не зависи од гринфилд инвестициите. Лидери на струмичката економија и лани беа без исклучок домашно поседувани локални фирми, а меѓу најголемите се трговци на големо со текстил, нафтени деривати и градежни фирми

Додека во финансиските кругови во земјава моментално е најактуелна темата за граѓанските обврзници, кои Министерството за финансии планира да ги издаде во јуни и од кои има намера да собере околу 50 милиони евра, а јавноста сеуште нема информација колку ќе изнесува нивната каматна стапка, државата си издаде државна обврзница.

Колкав бизнис потенцијал има Штип доволно говори фактот што во овој град лани осум компании имаат приходи поголеми од 10 милиони евра. Значаен квалитативен белег на овој голем град е тоа што најголемата компанија не само што е домашно поседувана, туку и локално.

Илјадници компании со над 50 вработени или вкупен годишен приход од над 10 милиони евра, принудени да купуваат електрична енергија на слободниот пазар, минатата година во просек плаќале струја по 262,3 евра од мегаватчас. Тоа е четири пати повисока цена во однос на 2020, последната година која не беше зафатена од енергетската криза. Ова го покажува пресметката на Регулаторната комисија за енергетика во својот извештај за 2022. Од тука, може да се најде еден од одговорите за галопирачката инфлација во земјата и општиот пад на животниот стандард.

Откако српските медиуми се пофалија дека Србија има најголем раст на платите во светот во изминатите пет месеци, врз основа на податоците од World of Statistics, ги прашавме српските граѓани дали се согласуваат со тоа тврдење.

Слично

Поврзани вести