ФАКТОР НА ДЕНОТ: Koвачевски одби ТВ дуел со Мицкоски, но вели има сигнали дека пратеници од опозицијата би гласале за уставни измени
КОВАЧЕВСКИ ОДБИ ДУЕЛ СО МИЦКОСКИ
Димитар Ковачевски денеска во емисијата „Само Интервју“ на Канал 5 го одби повикот за ТВ-дуел од страна на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски.
„Мицкоски воопшто не бара дебата, а за Коридорт 8 и 10д бараа дебата во Собранието, но две недели не сакаат да закажат комисија. Бараа дебата за Уставни измени и таму не прифатија да бидат дел од комисија. Имаме тимови за преговори со ЕУ и таму не учествуваат. Имавме почеток на преговори со ЕУ, каде исто така не учествуваат. Во моментов имаме блокирани половина милијарда евра пари за граѓаните со поволни камати поради нив“, рече Ковачевски на прашањето дали ќе го прифати повикот од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.Според премиерот Димитар Ковачевски, има конкретни сигнали дека некои пратеници од опозицијата би гласале за уставните измени.
„Конкретни сигнали има дека некои од овие пратеници би гласале. Процедурата е почната и ќе продолжи“, истакна Ковачевски во вечерашното тв гостување на Канал 5.
Според премиерот, Македонија преговара со ЕУ, а не со Софија.ПЕНДАРОВСКИ ЌЕ ДОНИРА ДЕЛ ОД СВОЈАТА ПЛАТА
Претседателот Стево Пендаровски денеска пред медиумите, меѓудругото, рече дека ќе го донира зголемениот дел од 72.000 денари од новата и повисока плата што ја добил за месец април.
Шефот на државата откри дека по 36 илјади денари донирал на две невладини организаци - детското ликовно студио во Свети Николе и здружението на информатичари на Македонија
СИЛЈАНОВСКА ДОБИ ЦВЕЌЕ ОД АРБР АДЕМИ
Пратеникот на ДУИ Арбр Адеми, среде жестоката седница на Комисијата за Европски прашања и подари цвеќе на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.
Тој ја прегрна и го подари буќетот, а присутните пратеници громогласно аплаудираа.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Во многу македонски села недостигаат доста работи за пристоен и убав живот.