Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски нема да даде оставка ако уставните измени не поминат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски нема да даде оставка ако уставните измени не поминат

КОВАЧЕВСКИ НЕ ПЛАНИРА ДА ДАДЕ ОСТАВКА

Премиерот Димитар Ковачевски не размислува да поднесе оставка, доколку не успеат уставните измени. 

Ковачевски е категоричен дека не размислува да поднесе оставка и покрај тоа што рокот за уставните измени е до ноември. Забележа дека Владата има ингеренции со управување со државата, а за уставните измени е потребно дво – третинско мнозинство.

„Тоа е обврска не само на Владата, туку и на сите политичко – општествени чинители во државата. Тоа е обврска на секој пратеник да донесе одлука за иднината на граѓаните, бидејќи нашите граѓани сакаат и заслужуваат европска индина. Ние овде во детали разговараме што значи и членство во ЕУ“, рече Ковачевски. 

РАДЕВ ЌЕ ДАДЕ ДРЖАВЈАНСТВА НА ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА БУГАРСКИТЕ КЛУБОВИ

Бугарски пасоши ќе добијат и претседателите на бугарските клубови во Македонија.

Бугарскиот претседател Румен Радев на свечена церемонија ќе им ги врачи бугарските лични документи на Љубчо Георгиевски и на Благој Шаторов – претседателот и секретарот на затворениот бугарски клуб „Иван Михајлов“ од Битола. Потпретседателката Илијана Јотова, ги потпиша указите за стекнување бугарско државјанство врз основа на нивното бугарско потекло, јавува БНТ.

САБОТАЖИ НА МОСТОВИ

Градот Скопје заедно со општина Карпош, денес поднесе пријава против непознат сторител поради оштетување на јавен имот и саботажа откако на  „Железнички Мост“ во скопско Нерези на булеварот Васил Чакаларов во текот на вечерта намерно се исечени и оштетени електрични и комуникациски кабли. 

Oткако на 11 мај ноќта се запали мостот„Беласица“ кој останува затворен за сообраќај и за пешаци во недогледно време, од Град Скопје иставаат простор за можна намерна саботажа и го повика МВР да го пронајде сторителот.

НОВИОТ ДИРЕКТОР НА БИРОТО ЗА МЕТРОЛОГИЈА МИСЛЕЛ ДЕКА ТОА Е НАУКА ЗА ВРЕМЕТО

Авдуљ-Селам Селами, кадар на ДУИ и поранешен заменик-директор на УЈП, денеска како нов директор на Биторот за метрологија, институција под надлежност на Министерството за економија за работа со мерни инструменти за контрола на квалитет, се обрати по повод Светскиот ден на метрологијата.

Тој рече дека порано пред да стапи на функција си мислел дека оваа државна институција ги следи метеоролошките промени. Покрај објаснувањето за значењето, достигнувањата и плановите на ова Биро меѓу другото рече и дека тој до пред некое време мислел дека ова е наука за времето.

АГЕЛЕР ВЕЛИ НЕ МОЖЕ ПОРАНЕШНИ ПОЛИТИЧАРИ ДА ИМ СЕ ЈАВУВААТ НА СУДИИТЕ

Анџела Агелер, амбасадорката на САД во Скопје, во денешното продолжение од интервјуто за МИА, на прашање за тоа длаи може да открие детали од фамозното писмо испратено ди Судскиот совет и другите институции, вели дека не смее да се случува во правосудството поранешни политичари да се јавуваат на телефони кај судиите и да се поставуваат неквалификувани кадри.

„Сум повторила повеќе пати, САД има обезбедено повеќе од една милијарда долари за земјата во последните 30 години, наменети за невоена помош, вклучително и за проекти и активности поврзани со медиумите. Повеќе од половина од таа милијарда била наменета за поддршка на владеење на правото и добро владеење, вклучително и за правосудството. Според нашите проценки, околу 80 проценти од обвинителите и судиите во оваа земја учествувале во една од нашите програми. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Јавното претпријатие Национални шуми потфрлило во интервентниот план да обезбеди што е можно повеќе огревно дрво за домаќинствата во период на енергетската криза минатата година, кога значително се зголеми цената на електричната енергија.

Не се очекува граѓанската обврзница да се одрази негативно врз депозитите во банките, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими. 

Македонската берза ги објави резултатите за котираните компании за првиот квартал од годинава. Познати се нето добивките за 94 компании, кои котираат на македонскиот пазар на капитал.

Гринфидл инвестицијата „Маркарт“ е економска локомотива на Велес, но градот на Вардар има силна домашна секција која е комбинација од металната, прехранбената и агро индустрија заедно со еден од големите ланци супермаркети

Двете казина на македонско-грчката граница се меѓу трите најголеми гевгелиски фирми, а заедно прават приход колку „Kонтихидропласт“најголемата компанија од градот распослан по македонско-грчката граница.


Слично

Поврзани вести