ФАКТОР НА ДЕНОТ: Koвачевски кажа дека избори нема да има, а францускиот предлог засега не го коментира
КОВАЧЕВСКИ ВЕЛИ ИЗБОРИ НЕМА ДА ИМА
Премиерот Димитар Ковачевски вели дека предвремени избори ќе ги продлабочат проблемите. Според него, изборите нема да ги решат проблемите.
Тој кажа дека следните парламентарни избори ќе се одржат во редовниот термин, во 2024 година. За најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека ако нема договор за предвремени избори до крајот на летото ќе го блокираат системот, Ковачевски рече дека уцени не прифаќа. Вели секој може да блокира, но тоа не е одговорно.
„Тие ги блокираа општините откако станаа градоначалници. Во сите градови по првичното фотографирање каде беа промовирани претходни проекти на СДСМ веќе нема ни фотографирање, бидејќи не постојат нови проекти“, рече Ковачевски.
Апелираше до пратениците на опозицијата да бидат на ниво на задачата затоа што законите се од интерес на граѓаните. Францускиот предлог за кревање на бугарското вето засега нема да го коментира.МОМЧЕ ОД ТЕТОВО СЕ УДАВИ ВО ЦРНА ГОРА
Момчето кое се удави во Црна Гора е од Тетово.
Maкедонското Министерството за надворешни работи(МНР) ја потврди веста објавена во црногорските медиуми дека 22-годишно момче од Македонија починало во Црна Гора.
„Министерството за надворешни работи доби известување од надлежните институции на Црна Гора дека наш државјанин, Е.Х. роден 2000 година во Тетово, му е констатирана смрт во туристичкото место Утјеха“, велат од МНР.МИЦКОСКИ ОБЈАВИ СНИМКА ОД ДРОН ОД ПРОТЕСТОТ
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи објави снимка од дрон, направена за време на вчерашниот протест пред Владата.
„Благодарам Македонијо! Величествена ноќ, енергија и сила за промени“, напиша Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ бара избори, а ако власта не се согласи најавија блокади. Мицкоски зборуваше за инфлацијата, францускиот предлог за кревање на бугарското вето, и ред други проблеми со кои се соочува државата.БУГАРСКИ ПОЛИТИЧАР ВЕЛИ ДЕКА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ Е ДОБАР ЗА НИВ
Во студиото на „Разбуди се“ на бугарската телевизија „Нова“, лидерот на „Демократска Бугарија“ Христо Иванов вели дека францускиот предлог е добар за неговата земја.
Тој изјави дека сега не треба да ја пропуштат шансата. Го разгледал предлогот, и вели дека тој ги исполнува сите бугарски барања.
„Ова ќе биде крајно несреќно за нас. Се долева масло на огнот“, рече тој.
Вели дека претседателот на „Има таков народ“ Слави Трифонов се обидува да ја искористи темата Македонија за да обезбеди алиби за некои од неговите внатрешно-политички дејствија и според него тоа е неодговорно.