ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски и Таравари ги договориле кадровските решенија, се чека официјална потврда
ТАРАВАРИ И КОВАЧЕВСКИ ГИ ДОГОВОРИЛЕ КАДРОВСКИТЕ РЕШЕНИЈА
Премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари денеска го финализираа договорот за владина соработка, а во следниот период треба да се реализира владина реконструкција. Според неофицијалните информации, СДСМ ќе го преземе Министерството за животна средина од ДУИ за да остане со ист број на министри и покрај заминувањето на Тупанчевски од Правда... На местото на Насер Нуредини како кандидат на СДСМ се споменува Каја Шукова, актуелна државна секретарка во овој ресор..
МОЖНА ЛИ Е РАДИКАЛИЗАЦИЈА НА АЛБАНЦИТЕ ВО ЗЕМЈАВА?
Претседателот на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари се закани со можна радикализација на Албанците.
Според него, евентуалното загрозување на европската перспектива преку неможноста да се отвори македонскиот устав и во неговата Преамбула да се внесат Бугарите, би можело да ги зголеми фрустрациите кај Албанците во Македонија. Вели дека може да се појават и идеи за реорганизација на државата.МАКРОН МУ НАЈАВИ НА ПЕНДАРОВСКИ ДЕКА ЌЕ ЈА ПОСЕТИ МАКЕДОНИЈА
Францускиот претседател Емануел Макрон му напишал писмо на шефот на државава, Стево Пендаровски.
Во продолжение е интегралниот текст од писмото што претседателот на Француската Република, Емануел Макрон го испрати до претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.МАКЕДОНСКИТЕ ТИМОВИ ПОМАГААТ ВО ТУРЦИЈА
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
