Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски и Мицкоски се договорија да разгледаат предлози за ублажување на енергетската криза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски и Мицкоски се договорија да разгледаат предлози за ублажување на енергетската криза

КОНСТРУКТИВНА СРЕДБА МЕЃУ КОВАЧЕВСКИ И МИЦКОСКИ

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека ќе ги разгледаат предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за справување со енергетската криза. Ковачевски вели дека сега не е време за собирање на политички поени. 

Тој по средбата со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски оцени дека таа поминала во добар дух, а барањата на ВМРО-ДПМНЕ не се отфрлени. Ковачевски вели дека не очекува Мицкоски да го фали, туку очекувал дека ќе биде поостар во изјавата. 

Дополнителни анализи ќе има за основното барање на ВМРО-ДПМНЕ за префрлување на јавните комунални претпријатија на регулиран пазар.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски попладнево по средбата во Владата со премиерот Димитар Ковачевски изјави дека ќе направат што е потребно да помогнат на граѓаните на Македонија и на стопанството за полесно справување со енергетската криза. 

Мицкоски и по состанокот изрази загриженост. 

ОБВИНЕНИЕ ЗА МУХАМЕД ЗЕКИРИ

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја заврши истрагата и денеска во Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против Мухамед Зекири, поранешниот генерален секретар на Владата. ОЈО известува дека преку нарачана физибилити студија за евентуална приватизација на АД Пошта и Македонски Железници - Транспорт тој недозволиво прибавил безмалку 1,5 милиони евра лична корист.

Зекири е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување. Во периодот од месец април 2021 година до месец март 2022 година, склучил два договори без јавна набавка.

СКВЕРНАВЕНИ БИСТИ НА ХЕРОИ

Споменикот на револуционерот Гоце Делчев во Градскиот парк денеска го вандализирале непознати сторители.

Со спреј во неколку бои исчкртан е постаментот на споменикот и плочникот пред него. Од полицијата за МИА велат дека се преземаат мерки за откривање на сторителите. 

Претходно, оштетени беа спомениците на поетите Никола Вапцаров и Коле Неделковски, како и не херојот Невена Геогриева - Дуња.

РУСИЈА ОБЈАВИ МАПА СО НОВИТЕ ГРАНИЦИ

Русија објави до каде се нејзините нови граници. 

Советот на руската федерацијата на пленарна седница денеска едногласно одобри четири федерални уставни закони за прием на таканаречените Народни републики Доњецк и Луганск, како и регионите Запорожје и Херсон во Русија.

Документите сега се враќаат во Кремљ каде треба да ги потпише претседателот Владимир Путин за да заврши процесот на формалното припојување на четирите региони, кои претставуваат околу 18 отсто од признатата територија на Украина. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Има ли најмали изгледи тезата дека последните блокови со акции се во функција на консолидација на актуелната раководна структура во очи на претстојни можни ангажмани на „Гранит“ во проекти на „Бехтел и Енка“? 

Од почетокот на месецов потрошувачите на електрична енергија на слободниот пазар кои немаат договор со трговец, условнмо кажано, ќе плаќаат помали сметки за струја. Промената на тарифниот систем од страна на Регулаторната комисија за енергетика за продажба на електрична енергија од ЕВН како снабдувач во краен случај стапи на сила од 1 октомври.

Неколку стотини скопски домаќинства утрово се разбудија со топли радијатори. Станува збор за граѓаните од Бутел и Чаир, кои се греат на Топланата Скопје Север,  и тоа околу 500 семејства.

Преку Агенцијата за вработување,  невработените во земјава добиваат понуди за работа, но не сите прифаќаат да работат. Тие наведуваат различни причини зошто не им одговара одредено работно место.

Големиот државен должник, Јавното претпријатие Македонска радиотелевизија, или по ново Национална радиотелевизија, реши да вработи голем број раководители, стручни соработници и инженери, дури 11 на број, а платите, иако не се премногу високи, сепак, може да се каже дека се доста солидни, особено во ппоглед на профилот на кадри што се бараат според образованието, но и според нивното работно искуство.

Во екот на една од најголемите енергетски кризи, која силно удира по џебот на граѓаните, стравот од смрзнати станови и домови се наметнува како сериозна грижа. Цените на гасот, но и дрвата, палетите експлодираа, што создава голема загриженост кај граѓаните за тоа колку средства ќе им бидат потребни за загревање на домовите во текот на зимата.

Слично

Поврзани вести