Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски го доби мандатот, а Мијалков излезе од притвор

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски го доби мандатот, а Мијалков излезе од притвор

КОВАЧЕВСКИ ГО ДОБИ МАНДАТОТ

Претседателот Стево пендаровски му го додели мандатот за составување на Влада на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

„Од денес почнувам со составување на Владата. Ваквите времиња бараат стабилни и одговорни луѓе. Затоа е потребно ефикасно, чесно и одговорно владеење.

Моја лична заложба е да ја вратиме довербата на граѓаните во институциите. Секоја минута од нашето време ќе биде поосветена на клучните проблеми како економската несигурност и економската нестабилност.

MИЈАЛКОВ ИЗЛЕЗЕ ОД ПРИТВОР

Екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, вечерва излезе од истражниот затвор во Шуто Оризари.

Тој од вечерва е на слобода откако Апелација денеска му го укина притворот, кој му беше одреден за случајот „Плацеви на Водно“.

„Не бегам, зошто да бегам“, изјави Мијалков. 

НА РАШКОВСКИ ЌЕ МУ СЕ СУДИ

На поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски ќе му се суди за набавката на софтверот. 

Кривичниот суд денеска објави дека обвинителниот акт против него и уште шест лица за нелегалната набавка на софтвер и перење пари поднесен од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на 8 октомври е оценет и одобрен во целост. 

СКОРО 400 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Денес се регистрирани 396 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 224.134 - Оздравени се 207 пациенти –  пријавени се 14 починати лица во изминативе 24 часа.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 4.858 тестирања, а регистрирани се 396 нови случаи на КОВИД-19.

ОСМАНИ ОТКРИ ШТО БАРАЛА ЗАХАРИЕВА

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на брифинг со новинарите откри дека минатата година во декември тогашната министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева му дала предлог договор за решавање на спорот меѓу двете земји, јавува репортерот на ТВ21.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во Македонија новата варијанта омикрон, која забрзано се шири низ Европа и станува доминантна, во земјава засега е потврдена само кај едно лице, но загрижува податокот што во претпоследната недела во декември, најголем број од позитивните на ковид се млади луѓе на возраст од 30 до 39 години. 

Мтел, членка на Телеком Србија почна извесен пробив на македонскиот пазар, за почеток со сателитска телевизија и објави дека веќе има 500 претплатници. 

На сметката на АД ЕСМ до сега легнале 80 милиони евра од владиниот буџет. откако е донесена уредбата за прогласување на вонредна енергетска криза. 

Владата има на располагање 130 милиони евра со кои идната година ќе се бори со енергетската криза во земјава.

Драматични вести доаѓаат за корисниците на парно греење во Скопје. Балкан Енерџи Груп бара цената на парното да се зголеми за 300 отсто веќе од први јануари следната година, дознава Фактор.

Многу предизвици успеавме да надминеме, уште многу се пред нас. Какви се очекувањата за 2022 година на едни од најуспешните луѓе во земјава, прашуваме во деновите кога истекува 2021 година. Извршниот директор и претседател на Управниот одбор на Групацијата „Фероинвест“, „Брако“ и „Грин Машинс“, професор д-р Кочо Анѓушев вели дека со реален оптимизам и верување, очекува да се смири и стави под контрола пандемијата како на глобално, така и на локално ниво и да се продолжи со нормални услови за работа и живот. 

Хари Костов, главен извршен директор и претседател на Управен одбор на Комерцијална банка, смета дека како ќе се справиме со кризата ќе зависи од самите нас, компаниите и граѓаните, колку тие ќе носат проактивни и разумни деловни политики и потфати. Комерцијална банка годинава ја завршува со награда и, според очекувањата, рекордна добивка, и останува фактор на стабилност и сигурност за клиентите и партнерите. 

Слично

Поврзани вести