Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски ги соопшти приоритетите, се очекува формирање на нова Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски ги соопшти приоритетите, се очекува формирање на нова Влада

КОВАЧЕВСКИ ЌЕ СЕ ФОКУСИРА НА ЕКОНОМИЈАТА И ВАНТРЕШНАТА ПОЛИТИКА

Новиот лидер на СДСМ и мандатар Димитар Ковачевски ќе се посвети на економијата и внатрешната политика. 

Toj во интервју за Сител, на прашањето, по кои карактеристики ќе биде различен од неговиот претходник Зоран Заев,  одговори дека тој ќе се посвети повеќе на економијата и внатрешната политика, за разлика од големите прашања на кои се фокусирал Заев.

„Премиерот Заев беше фокусиран на решавање на големите прашања од значење за државата, да не заборавиме дека заради тие големи и тешки одлуки што беа донесени денес сме членка на  НАТО и сме на чекор до почнување преговори со ЕУ. Таа посветеност во решавањето на тие прашања остави  празнина во раководењето и менаџирањето на внатрешната и економската политика во државата, односно менаџирањето на кадрите, така што  јас повеќе ќе се посветам на економската и внатрешната  политика во државата“, рече Ковачевски.

МАКЕДОНИЈА СЕ ГУШИ ВО ЗАГАДЕН ВОЗДУХ

Струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов на Фејсбук најави дека ќе ги субвенционира со 10 денари од кубен метар семејствата кои ќе одлучат да инсталираат природен гас за да се згреат. 

Мерката ја најавува откако Струмица неколку дена по ред заедно со Скопје, и другите поголеми градови е екстремно загадена. 

„Струмицо моја, слушни ме. Јас како поединец сам нема да го решам загадувањето на воздухот. Денеска предложив и Советот ја прифати една од најважните мерки, директна субвенција на цената на природен гас за домаќинствата. На секој потрошен кубен метар природен гас ќе добивате по 10 денари субвенција. Апелирам, користете ја мерката во наредната 2022 година, колку повеќе приклучоци толку почист воздух. Мораме да ја менуваме свеста, се работи за наше заедничко добро. Нека Струмица биде пример за цела држава па и пошироко. Од срце за Струмица“, објави Костадинов. 

ДЕНЕС ИМА НАД 400 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 4.751 тестирања, а регистрирани се 409 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 218, Прилеп – 37, Битола – 32, Кавадарци – 19, Велес – 18, Македонски Брод – 9, Кичево и Гевгелија – по 8, Куманово и Богданци – по 7, Кочани, Струга и Ресен – по 6, Охрид – 5, Тетово и Штип – по 4, Струмица и Крива Паланка – по 3, Гостивар, Делчево и Валандово – по 2, Неготино, Радовиш и Виница – по 1.

СЕЛА ЈА КРИТИКУВАШЕ ДУИ

Доволна причина за да има предвремени парламентарни избори е „недостигот на легитимитет на власта“, изјави денеска претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, на последната средба со новинари за ова календарска година, додавајќи дека 2021 е „година на скандали на Владата” и тие како опозиција секогаш се тука за да прават се за да падне власта.

АНТИКОРУПЦИСКА ГО „ЧЕШЛА“ РАШКОВСКИ

Државната комисија за спречување на корупцијата го пријави поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, до Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција за незаконско примање награда.

Гостиварска фирма која градела објекти што се сопственост на државата за десеткратно помала цена продала возило за 5.000 евра на владиниот советник Игор Христов, а тој потоа го подарил на сопругата на Рашковски.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Многу предизвици успеавме да надминеме, уште многу се пред нас. Какви се очекувањата за 2022 година на едни од најуспешните луѓе во земјава, прашуваме во деновите кога истекува 2021 година. Методија Мирчев, Извршниот директор на А1 Македонија. Вели, 2022 ќе биде година полна со предизвици, но и година на многу можности.

Слично

Поврзани вести