ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски е оптимист, вели дека први ќе влеземе во ЕУ во 2030 година
КОВАЧЕВСКИ Е ОПТИМИСТ ЗА ВЛЕЗОТ ВО ЕУ
Премиерот Димитар Ковачевски е оптимист за влезот на Македонија во ЕУ.
„Самиот процес на членство за секоја земја ќе биде различен, во зависност од спроведените реформи и усогласувањето со европското законодавство“, рече во интервју за „Вести Плус“ на Канал 5 телевизија, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.
Премиерот изјави дека Северна Македонија е првата земја од регионот на Западен Балкан која предничи во подготвеноста и може пред сите, да стане членка на Унијата.ДЕЛ ОД УЧЕБНИЦИТЕ ЌЕ ДОЦНАТ
Учебната година ќе почне утре и ќе трае до 17 јуни 2024. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири им посака успеси на учениците и наставниците и ги соопшти новините пред утрешниот почеток на 2023/2024 година.
Како што известуваше во претходните денови, ќе доцнат само учебниците за шесто одделение и тие ќе се распределуваат во училиштата штом бидат одобрени и се очекува да стигнат до крајот на септември. Учебниците за трето одделение, за кои како и за шесто годинава се прават нови учебници согласно новите наставни програми, се одобрени и се печатат така што во првата недела од септември учениците ќе ги добијат.ЌЕ ИМА ПРОБЛЕМИ СО МЛЕКОТО
Сигурно ќе следуваат нови мерки, не може никој во време на криза да печали на грбот на граѓаните, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања во врска со поскапувањата на некои од основните производи.
Интервенциите, како што информира, најверојатно ќе бидат во делот на маржите и во делот на разликите меѓу производните и продажните цени.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Познавањето на странски јазици ги зголемува шансите за наоѓање на подобро работно место, особено во време кога може да се работи онлајн или да се замине во странство.