ФАКТОР НА ДЕНОТ: Kовачевски е нов лидер на СДСМ, а ВМРО-ДПМНЕ го реизбра Мицкоски
ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ Е НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ
Новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва на прес - конференција изјави дека денеска е голем ден за демократијата во партијата и во Македонија.
Се заблагодари на сите кои гласаа за него. Ковачевски изјави дека програмите на Јован Деспотовски и Фросина Ременски ќе ги збогатат реформите во партијата.
„Од утре мора да ги засукаме ракавите, и да се фатиме со работа. Наша одговроност е се што се случува во партијата, но и државата“, рече тој.
Тој му се заблагодари на Зоран Заев кој досега раководеше со партијата.
ВМРО-ДПМНЕ ГО РЕИЗБРА МИЦКОСКИЛидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски откако е реизбран за лидер на партијата изјави дека постојат наставници кои не се задоволни, пензионери, но и лекари кои сакаат да купат билет во еден правец.
Вели дека патот напред е тежок и долг. Мицкоски рече дека треба да се обединиме и цигла по цигла да градиме иднина. Најави втора епоха со општествена мобилизација на секоја интелектуална сила и поединец во земјава.
„Ги повикувам сите оние кои имаат свој став, свое дело, и кои имаат визија, а се чувствуваат поразени, да кажеме дека се обединуваме“, рече Мицкоски.
Повика да се грижиме еден за друг и да се бориме за Македонија каква што сакаме да ја видиме преку доктрината која ја донесоа. Мицкоски вели дека треба да се намали бројот на невработени на едноцифрена бројка, и секоја година да имаме раст од 4 до 6 отсто. Рече дека целта е да постигнеме стандард како Австрија.НОВИ 308 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНА
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 2.643 тестирања, а регистрирани се 308 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 155, Охрид – 26, Битола – 21, Струмица – 19, Куманово – 15, Штип – 10, Кавадарци – 8, Прилеп и Велес – по 7, Тетово – 6, Кичево и Богданци – по 5, Кочани, Гевгелија и Свети Николе – по 4, Неготино и Ресен – по 3, Виница – 2, Струга, Делчево, Пробиштип и Демир Хисар – по 1.
Регистрирани сe 246 оздравени пациенти од: Скопје – 110, Битола – 25, Кавадарци и Прилеп – по 17, Куманово и Берово – по 11, Кочани – 10, Велес – 9, Штип – 7, Делчево – 6, Охрид – 5, Гостивар – 4, Свети Николе, Радовиш и Кратово – по 3, Гевгелија – 2, Неготино, Виница и Крушево – по 1.Претседателот на Сојузот на Сидникати Дарко Димовски на денешниот протест пред седиштето на Стопанската Комора изјави дека разговарал со претставници на парламентарното мнозинство и дека добил цврсти уверувања дека измените на законот со кој ќе се прогласи недела за неработен ден ќе се изгласаат во Собранието во текот на следната недела.
Вели дека законското решение ќе стапи на сила од 1-ви јануари. Од пратениците бараа прогласување на неработна недела, зголемување на минималната плата и К-15 за сите работници, без дискриминација на јавниот сектор.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
