ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кошта вели дека е разумно Македонија да добие гаранции дека нема да има нови барања
КОШТА ВЕЛИ ДЕКА Е РАЗУМНО МАКЕДОНИЈА ДА ДОБИЕ ГАРАНЦИИ
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта по средбата со бугарскиот премиер Росен Жељазков во Софија изјави дека е разумно Македонија да добие гаранции дека нема да има нови барања на европскиот пат.
ЗНАМ ГИ ОБЈАВИ КАНДИДАТИТЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИПретседателот на Движењето ЗНАМ за наша Македонија, Максим Димитриевски и официјално е кандидат за градоначалник за Куманово, а за Центар партијата го предложи Мирослав Лабудовиќ, заменик министер за енергетика, рударство и минерални суровини.
И ЛЕВИЦА ОБЈАВИ КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИЛевица денес ги објави кандидатите за градоначалници на скопските општини на локалните избори,откако претходно веќе соопшти дека пратеникот Амар Мециновиќ ќе се грка за татко на Град Скопје.
Кандидат за Градоначалник на Општина Кисела Вода е проф. д-р Јане Ацевски, поранешен декан на Шумарскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, актуелен раководител на Катедрата за ботаника и дендрологија.
Кандидат за Градоначалник на Општина Ѓорче Петров е адвокат Александар Димитријевиќ, сопственик на позната адвокатска канцеларија и координатор на Трудов сектор на Политичка Партија Левица.
ВАСЕВ НЕ ЧУВСТВУВА ВИНА ЗА СЛУЧАЈОТ ОНКОЛОГИЈА
Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште тројца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти денеска пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека не се чувствува за виновен.
- Не, апсолутно не - одговори Васев, на прашање од Судот дали се чувствува виновен за кривичните дела кои му се ставаат на товар.
Во судница присутни се и останатите тројца обвинети Мери Пешевска, Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, сите вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје.ПОДНЕСЕНО Е ОБВИНЕНИЕ ЗА АЛЕКСАНДАР НАЦЕВ ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“
Обвинителството информира дека е поднесено обвинение против безбедњакот Александар Нацев како реален сопственик на „Рубикон Секјурити“ која го обезбедувала диското „Пулс“ во кое при пожар загинаа 62 главно млади лица.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Депресијата кај нас многу често се перцепира како „психолошки/ментален проблем“, но ретко се согледува нејзината вистинска медицинска и економска тежина. Од фармакоекономски аспект, депресијата е една од најскапите хронични состојби – не само за здравствениот систем, туку и за целото општество. Прашањето кое мора да го поставиме е: Колку нè чини депресијата кога не ја третираме соодветно?