ФАКТОР НА ДЕНОТ: Конечно постигнат договор, минималецот се зголемува на 18.000 денари
МИНИМАЛЕЦОТ ЌЕ ИЗНЕСУВА 18.000 ДЕНАРИ
Премиерот Димитар Ковачевски вечерва на прес - конференција изјави дека минималецот се зголемува на 18.000 денари.
Вели дека е постигнат договор на задоволство на сите засегнати страни. Ковачевски додаде дека во време на финаниска несигурност остануваат посветени и ќе работат во интерес на граѓаните.
Дарко Димовски од Сојузот на синдикати на Македонија изјави дека добивката денес не е само зголемувањето на минималната плата, туку и зголемувањето на сите други плати.ИМА 690 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ И 21 ПОЧИНАТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 2.790 тестови, а регистрирани се 690 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 490, Кавадарци – 42, Куманово – 26, Струмица – 25, Штип – 20, Гостивар и Охрид – по 15, Велес и Неготино – по 9, Битола – 8, Тетово – 6, Прилеп и Гевгелија – по 4, Кичево, Кочани и Дебар – по 3, Струга – 2, Радовиш, Крива Паланка , Виница, Пробиштип, Кратови и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (690), регистрирани се 94 реинфекции.КАЦАРСКА МУ ПИША НА ЏАФЕРИ, ОД КАБИНЕТОТ ДАДОА ОДГОВОР
Oд кабинетот на собранискиот претседател Талат Џафери, соопштија дека тој го добил писмото од претседателката на Уставниот Суд, Добрила Кацарска, за проблемите во работењето на Уставниот суд.
Велат дека Собранието, во согласност со своите уставни надлежности е информирано за истекот на мандатот на уставните судии, односно Собранието, по предлог на Комисијата за избори и именувања избира уставни судии од редот на истакнати правници во Република Северна Македонија.
„Имајќи предвид дека се опструира работата на Комисијата за избори и именувања (преку изигрување на процедура и примена на методи кои што Претседателот на Собранието ги има елаборирано пред јавноста), предлозите на членовите на Комисијата не може да добијат зелено светло за истите да бидат разгледани на пленарна седница на Собранието и во моментов Собранието не може да избере уставни судии и да овозможи непречено функционирање на Уставниот суд“, велат од Кабинетот на Џафери.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ