ФАКТОР НА ДЕНОТ: Компании добиле 3,2 милиони евра од ФИТР со фиктивни проекти
ЗЛОУПОТРЕБИ ИМАЛО ВО ФИТР
Шеесет компании со фиктивни проекти направиле „дупка“ од 3,2 милиони евра во Фондот за иновации.
Информацијата денеска на прес-конференција ја oбелодени в.д. директорот на Фондот, Никола Додов, кој сподели дел од наодите на внатрешната ревизија во институцијата, која е сè уште во тек. Тој најави кривични пријави и други правни мерки против компаниите кои ги направиле злоупотребите.МИЦКОСКИ ГО ВИДЕЛ ПИСМОТО НА АХМЕТИ
Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека го добил и го прочитал писмото на лидерот на ДУИ Али Ахмети, во врска со „неодамнешните одлуки на Уставниот суд и нивното влијание врз меѓуетничката кохезија и одржливоста на земјата“.
- Го добив писмото, го прочитав. Писмото би го поделил во два дела, првиот дел е геостратешки осврт на состојбата во регионот, вклучително Блискиот Исток и Украина, додека вториот дел е обвинување на уставните судии коишто ги избрало мнозинството на СДСМ и на ДУИ дека спроведуваат програма на ВМРО-ДПМНЕ.ВЛАДАТА СКРОИ БУЏЕТ
Владата денеска го усвои Предлог-буџетот за 2025 година. Тој предвидува раст од 3,7 отсто.
Инфлација ќе изнесува 2,2 отсто. Владата се очекува да го испрати Предлог-буџетот до Собранието.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека буџетскиот дефицит ќе се стабилизира на 4 отсто од Бруто домашниот производ. Расходите се планирани на 6,5 милијарди евра, што е раст за 10 отсто, а приходите ќе се зголемат за 13 отсто на 5,82 милијарди евра.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Печатењето на банкнотата што вреди 1.000 денари Народната банка ја чини 4,6 денари за парче, а десетденарката и петстотката по 4 денари од банкнота. Станува збор за светски реномирана и респектабилна печатница специјализирана за печатење книжни пари која обезбедува заштита по највисоки стандарди, компанија основана пред 203 години
„Внимавајте, веќе напаѓаат сезонските вируси“ - фраза што сите ја слушаме во овој период од годината. Со доаѓањето на есента, честите вирусни инфекции, особено оние што предизвикуваат воспаление на горниот респираторен тракт, се неизбежни. Од риновируси и аденовируси, до сезонски грип, инфекциите стануваат почести и се пренесуваат полесно поради студеното време и престојот во затворени простории.
Слично
