ФАКТОР НА ДЕНОТ: Колегите му дадоа поддршка на Бислимовски, бараат институциите да ги казнат лицата кои го нападнаа
ВРАБОТЕНИТЕ ОД РКЕ БАРААТ САНКЦИИ ЗА НАПАЃАЧИТЕ НА БИСЛИМОВСКИ
Вработените во Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија во врска со немилиот настан во кој беше физички нападнат Претседателот Maрко Бислимоски го изразуваат својот револт и негодување и најостро го осудуваат нападот.
Имено, физичкиот напад врз Претседателот Бислимоски го сметаат како директен напад и притисок врз работењето на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, но и врз системот на регулирањето на енергетските пазари во Република Северна Македонија кој е воспоставен и успешно функционира од 2003 година.
„Ваквото нецивилизирано и дивјачко однесување на учесникот на енергетскиот пазар во 21-от век е недозволиво особено за нас како земја аспирант за влез во ЕУ. Претседателот Бислимоски, претходно вработен во Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 2004 година помеѓу своите колеги важи за голем професионалец, без ниту една дамка во своето работење и човек спремен секогаш и секому да помогне. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија постапувала и ќе постапува во согласност со законите, а врз основа на начелата на објективност, транспарентност и недискриминација, со примена на најдобрите меѓународни искуства и практики. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија три последователни години е прогласувана за најдобро регулаторно тело во рамки на Енергетската заедница и ниту еден ваков недоличен настан не смее да го загрози интегритетот и угледот ниту на Претседателот, ниту на институцијата“, наведуваат во писмото.
Бараат надлежните институции да ги преземат сите законски мерки кои се во нивна надлежност и сторителот (сторителите) на ваквото дело најстрого да го санкционираат.ЗАЕВ СЕ НАДЕВА НА РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА
И покрај тоа што нема промени во бугарската позиција, мaкедонскиот премиер Зоран Заев е уверен деке е можно решение со источниот сосед до крајот на декември.
Вели дека различностите не ни се толку големи и имаме должност да отвораме иднина, а не да бидеме заглавени во минатото. Заев вели дека германската канцеларка, Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон биле настојчиви, прецизни, и јасни во разговор со него и со бугарскиот претседател Румен Радев.
ДЕНЕС ИМА 393 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 2.974 тестирања, а регистрирани се 393 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 187, Куманово – 34, Велес – 30, Штип – 21, Прилеп – 14, Охрид и Струмица – по 11, Крива Паланка – 10, Тетово и Кичево – по 8, Битола, Кавадарци и Пробиштип – по 7, Кочани – 6, Виница – 5, Гевгелија, Радовиш, Берово и Македонска Каменица – по 4, Ресен и Богданци – по 3, Кратово – 2, Делчево, Македонски Брод и Демир Хисар – по 1.МАЖ ЗАПЛАШУВАШЕ МИНУВАЧИ СО ПИШТОЛ
Човекот кој денеска со пиштол се шетал во ТЦ „Бисер“ во скопски Аеродром е приведен. Претходно за него предупредија на социјалните мрежи.
Пиштолот со којшто ги заплашувал минувачите не бил вистински, туку пластичен, а повеќе детали за инцидентот најавија од МВР, пренесува Слободен печат.
На социјалната мрежа Твитер претходно беше објавено видео од напаѓачот, а дел од граѓаните коишто го забележале во ТЦ „Бисер“ помислиле дека станува збор за снимање на некаква реклама или филм.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
