ФАКТОР НА ДЕНОТ: Kој ќе прави нереди на 4 февруари ќе одговара, а кумановци веќе најавија блокада
Македонскиот премиер Димитар Ковачевски разговарал со бугарскиот технички премиер Галаб Донев, за претстојното чествување на годишнината од раѓањето на херојот Гоце Делчев и потенцирал дека оние поединци, без разлика дали се од Северна Македонија или Бугарија, кои ќе го нарушат мирот и безбедноста со своите активности ќе бидат соодветно санкционирани. На ист начин се очекува да постапи и бугарската страна.
Во владиното соопштение се потврдува одлуката која ја донеле Ковачевски и Донев во врска со одбележувањето на 4 февруари, односно дека соодветните служби и од македонска и од бугарска страна се задолжени во заедничка координација да обезбедат чествувањето на помине во мирна атмосфера.КУМАНОВЦИ ЌЕ ГО БЛОКИРААТ ПАТОТ
Повик испратен до кумановци на социјалните мрежи ги повикува повикува граѓаните на 4-ти февруари да ја блокираат патарината Куманово – Скопје за да оневозможат бугарски националисти да дојдат во Скопје за да се поклонат пред гробот на Гоце Делчев.
„Повик до сите родољуби! Дојдете со камиони, трактори, автомобили и друга машинерија и поддржете го протестот. Кумановчани – ве повикуваме во 9 часот да ја блокирате патарината кон Скопје. Да не дозволуваме бугарските нео-нацисти да плукаат по споменот на великанот Гоце Делчев“, стои во објавата.
Во повикот, покрај блокада од страната на граничниот премин Деве Баир, се бара и блокада пред вториот граничен премин кај Делчево.ПЕНДИКОВ ДОБИВАЛ ЗАКАНИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ
Окружното обвинителство на Софија поведе предистражна постапка за смртна закана упатена до претепаниот секретар на бугарскиот културен клуб во Охрид, Христијан Пендиков. Информацијата за БГНЕС ја соопшти портпаролката на главниот обвинител Сијка Милева.
-Самиот Пендиков поднел пријава до надлежните во ГДБОП - МВР за тоа дека во апликација на социјална мрежа му била испратена заканувачка порака на македонски јазик. Како и министерот за надворешни работи на Република Македонија Бујар Османи, на интернет се објавуваат фотографии од претепаниот Бугарин со повици за насилство врз него.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
