Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Коалиционите партнери не успеале да го разубедат, Заев дефинитивно се повлекува

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Коалиционите партнери не успеале да го разубедат, Заев дефинитивно се повлекува

ЗАЕВ ДЕФИНИТИВНО СЕ ПОВЛЕКУВА

Нова влада ќе имаме за 10 дена, а премиерот Зоран Заев оставката  ќе ја поднесе деновиве. 

До средината на наредната недела веќе ќе биде познато и името на новиот мандатар. 

Ова го најави владиниот партнер на Заев, лидерот на ЛДП Горан Милевски. Тој за Сител кажа дека не е исклучена и можноста за нова распределба на владините ресори и нови министерски имиња.

Премиерот беше одлучен во неговата намера да си поднесе оставка и сите други дебати немаа простор, изјави претседателката на ДОМ, Маја Морачанин во вечерашната дебата на ТВ 24. 

Таа откри дека премиерот Зоран Заев смета дека освен што неговата оставка е преземање одговорност, тоа е и во интерес на државата.

Генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири за косовски медиум вели дека премиерот Зоран Заев е многу разочаран и тешко дека ќе се премисли за оставката. 

ПОРАКИ ОД ГРЦИЈА И БУГАРИЈА

Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата, порачуваат грчките власти. 

Оттаму велат дека се загрижени за состојбата во Македонија. Тие сметаат дека земјава се наоѓа во политичка бура. 

Спас Ташев од Институтот за население и хумани студии при Бугарската академија на науките (БАН) за Њуз.бг вели дека функционирањето на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Македонија во сегашниот формат е излишно и лично не гледа смисла во продолжување на нејзината активност. 

ВМРО-ДПМНЕ БАРА ИЗБОРИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека се потребни брзи предвремени парламентарни избори, по кои би можела да дојде влада која ќе има легитимитет од народот.

Според него, Преспанскиот договор е реалност која на неговата партија и на голем дел од граѓаните, не им се допаѓа. Но, како што нагласува, доколку не се почитува таа реалност во рамките на административното функционирање на институциите, тогаш ќе имаме проблем со други истанци, како што се обвинителството и судството. 

Дали ќе работиме таа реалност еден ден кога ќе имаме можност да се промени - јас ви кажувам да, работиме, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ ИМАМЕ НАД 560 ЗАРАЗЕНИ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.594 тестирања, а регистрирани се 568 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 230, Куманово –  44, Битола – 39, Прилеп – 29, Кавадарци – 27, Штип – 26, Велес – 19, Кочани – 18, Тетово – 16, Делчево – 13, Кичево – 12, Гевгелија – 11, Охрид и Струмица – по 10, Неготино и Крива Паланка – по 9, Свети Николе– 7, Берово  – 6, Богданци – 5, Гостивар, Ресен и Кратово – по 4, Радовиш, Пробиштип и Македонска Каменица – по 3, Крушево и Демир Хисар – по 2, Валандово,  Македонски Брод, и Дојран – по 1.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Оставката на премиерот Зоран Заев, барем до вчера попладнето, се уште не беше стигната во Собранието, што во текот на вчерашниот ден ги подгреа шпекулациите дека наводно таа ќе биде пролонгирана до декември, односно дека ќе се чека исходот од можностите за старт на преговорите.

Сите новоизбрани советници и градоначалници имаат рок од еден месец до Државната комисија за спречување на корупција да ги достават анкетните листови за имотната состојба. Некои од нив, кои претходно биле носители на некоја функција во регистарот на комисијата веќе имаат доставени листи. Еден од нив е пратеникот Биљал Касами, кој сега е нов градоначалник на Тетово.

Голем дел од новите градоначалници во земјава веќе ги добија своите уверенија и почнаа да ги извршуваат редовните работни обврски, а за другите веќе е потврдено дека токму тие ќе управуваат со општините во кои победија во следните четири години. Точно се знае бројот на гласовите кои ги освоил секој градоначалник и во првиот и во вториот круг од локалните избори, но и нивните противкандидати, како и бројот на гласови кои ги добија советничките листи на партиите.

Години наназад оценките за македонското здравство се поразителни. Граѓаните се жалат на неможност да добијат термин за каков било преглед. Со месеци се чека за магнетна резонаца, компјутерска томографија, специјалистички прегледи...

Владата во саботата донела Уредба за критериуми и услови за прогласување кризна енергетска состојба. Со тоа се создадени правнипредуслови да може да се прогласи енергетска криза и рестрикции во снабдувањето на потрошувачите при што МЕПСО и ЕВН ќе можат да утврдат кои се приоритетни категории на потрошувачи на струја и да се овозможи нивно снабдување со електрична енергија. 

Превземањата на струја кои МЕПСО ги прави заради недостигот на струја од домашните Електрани (ЕСМ) ќе бидат точка на дневен ред на Бордот директори на ЕНТСО Е , европска асоцијација на систем-оператори, дознава Фактор. 

Договорот што Дирекцијата за заштита и спасување го склучи за поправка и сервисирање на трите противпожарни авиони кои ги има Македонија со шпанскиот Titan Firefighting Company S.L е објавен на системот за јавни набавки. За објавување оглас немало потреба, бидејќи се работело за јавна набавка од крајна итност.

Слично

Поврзани вести