Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Kоалиционите партнери на Заев тврдат дека избрзал со оставката, тие се против предвремени избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Kоалиционите партнери на Заев тврдат дека избрзал со оставката, тие се против предвремени избори

КОАЛИЦИОНИТЕ ПАРТНЕРИ НА ЗАЕВ ТВРДАТ ДЕКА МНОЗИНСТВОТО Е СТАБИЛНО

Претставници на сите партии од парламентарното мнозинство потврдија дека мнозинството во Собранието е стабилно, соопштуваат од Владата. 

На покана на премиерот Зоран Заев денеска во Владата се одржа средба на претставници на сите политички партии кои го сочинуваат парламентарното мнозинство во Парламентот.

Вицепремиерот Артан Груби вели дека тие дале недвосмислена поддршка за коалицијата и за продолжување на реформската агенда на Владата.

Според него, не смееме да си дозволиме авантури во oвие кршливи моменти. Смета дека оставката на премиерот Зоран Заев е избрзана. 

Вели дека ова се локални, а не парламентарни избори, дека добиле мандат да ја водат земјата на евроатлантскиот курс и дека сите сметаат дека само оваа влада може да ги реши проблемите со Бугарија, да го гарантира Преспанскиот договор, да ги гарантира меѓуетничките односи и да обезбеди напредок во евроинтеграцијата.

„Сите партнери кои учествуваат во Владата беа апсолутно против оставката на Зоран Заев зошто сметаат дека беше избрзана и дека граѓаните очекуваат да продолжи со политиките“, рече Груби.

Покажавме дека мнозинството е стабилно и дека треба да продолжи, вели Аријанит Хоџа од БЕСА по средбата во Владата, со премиерот Зоран Заев кој синоќа си поднесе оставка. ДОМ, ЛДП, НСДП и ДПА остануваат во владејачката коалиција, соопштија лидерите на овие партии. 

Маја Морачанин од ДОМ вели дека нема простор за ново мнозинство, и дека има укажувања за датум за преговори. Тие се надеваат дека ќе почнеме преговори со ЕУ.Претседателот на општинската организација на СДСМ Куманово, Мартин Костовски, преку социјалните мрежи покрена иницијатива за поддршка на Заев. Костовски апелира до сите социјалдемократи во државата за безрезервна поддршка за Заев да остане на лидерската позиција во партијата.

ОСТАВКАТА ЈА КОМЕНТИРААТ И ВО РЕГИОНОТ

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги искоментира најновите случувања на македонската политичка сцена. 

Според него, не се работи само за резултатот од изборите, туку дека има и други причини за оставката на премиерот Зоран Заев. Тој вели дека оставката на  Заев се должи и на разочарувањето од преговорите за членство на земјата во ЕУ. 

„Рекоа дека ако го потпишат Договорот од Преспа, Северна Македонија ќе добие отворање на преговорите со ЕУ, а тоа не се случи“, изјави Вучиќ за ТВ Пинк од Глазгов, каде што учествува на Самитот на ОН за климатските промени.

Оставката на Зоран Заев од премиерската функција не мора да значи и одржување на предвремени парламентарни избори во Северна Македонија. Случувањата во Северна Македонија се катаклизмични по огромниот пораз што го претрпе владејачката Социјалдемократска партија (СДСМ) на Зоран Заев во вториот круг од локалните избори што се одржаа вчера, анализира грчката новинска агенција АНА-МПА.

НОВИ 153 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 1.549 тестирања, а регистрирани се 153 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 108, Куманово – 12, Прилеп – 9, Кавадарци – 6, Битола – 5, Крива Паланка – 4, Виница – 2, Струмица, Кичево, Неготино, Свети Николе, Берово, Делчево и Пробиштип – по 1.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Кои се странските и домашните пари кои биле видливи на терен, а за кои, како што рече вчера премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, дошле кај опозицијата. 

Поразот на Заев доаѓа од неговиот двор иако тој не беше кандидат ниту за градоначалник ниту за советник. Ставањето влог all in на „прогресивноста, демократичноста и широградоста” на личноста на Зоран Заев наспроти бабарога заканите за враќање на режимското ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски не донесоа резултат.

Уште двајца нови пратеници ќе седнат набргу во собраниските клупи. Станува збор за Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ и Драгољуб Филипоски од СДСМ.

Многу дилеми за политичката ситуација во земјава отвори исходот од вториот круг на локалните избори годинава. Победата на независната кандидатка Данела Арсовска која ја поддржа опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, но и негативните резултати во многу други општини за СДСМ значеа и оставка на Зоран Заев од премиерската и позицијата лидер на СДСМ. 

Слично

Поврзани вести