Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Клековски ќе управува со здравство, Велковски од заменик станува министер, Перински оди во ФЗОМ

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Клековски ќе управува со здравство, Велковски од заменик станува министер, Перински оди во ФЗОМ

МИЦКОСКИ СООПШТИ НА КОИ ПОЗИЦИИ ВО ВЛАДАТА ИМА ПРОМЕНА НА КАДРИ

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва ги соопшти кадровските промени во Владата, во рамки на реконструкцијата на владиниот состав. Промените опфаќаат повеќе министерства и институции, а дел од ресорите добиваат нови раководители.

Од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за министер за социјална политика, демографија и млади е предложен досегашниот заменик министер во истото Министерство, Ѓоко Велковски, додека Сашо Клековски ќе раководи со Министерството за здравство.

Досегашниот министер за локална самоуправа Златко Перински е предложен за директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), а ресорот локална самоуправа ќе го преземе Иван Стоилковиќ.

НЕМА ВЕЌЕ ТРОТИНЕТИ ЗА ЛИЦА ПОД 18 ГОДИНИ

Собранието во рамките на 106. седница ги донесе измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по скратена постапка, кои се однесуваат на регулирање на учеството на електричните тротинети во сообраќајот. 

Со законот се редефинира точка 57 „лесно електрично возило“ од поимите што се употребуваат во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата имајќи ги предвид компаративните искуства на повеќе земји во регионот, како и појавата на нови возила на пазарот, во која категорија спаѓаат и електричните тротинети. 

Суштински се интервенира во однос на дозволената брзина со која се движат лесните електрични возила, односно се предвидува максимална брзина од 20 км на час во согласност со препораките на Европската Унија во делот на регулирање на сообраќајот на овој тип возила.

ПРОФЕСОРКА НА ШТИПСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ Е УАПСЕНА ЗА ЗЕМАЊЕ МИТО

Професорка од универзитетот во Штип е уапсена поради примање поткуп, откако побарала и примила пари од студент за да положи испит.

- На 29.06.2026 во 11:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Т.А.(39) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање поткуп“. 

Претходно, на 22.06.2026 К.Б.(26) од Турција, со привремен престој во Штип, студент на Универзитетот „Гоце Делчев“, пријавил дека А.Т. му побарала 300 евра за да положи испит кој дополнително ќе го полагал на 29.06.2026.

ЈАКИМОВСКИ НЕМА ДА ОДИ ВО ЗАТВОР НА 2 ЈУЛИ

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, кој требаше да започне да ја издржува казната затвор на 2 јули во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, засега ќе остане надвор од затворот, информираат од Кривичниот суд.

Јакимовски побара одложување на издржувањето на казната поради здравствени причини. Судот соопшти дека влегувањето во затвор ќе се одложи додека не се разгледа медицинската документација доставена од поранешниот градоначалник. Судијата за извршување санкции веќе ја побарал документацијата од здравствените установи, а одговорите се сè уште во процес.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Преку електронска аукција, Агенцијата за управување со одземен имот ќе продава конфискуван недвижен имот, кој се наоѓа на катастарска парцела во Бутел, во месноста викана Хо Ши Мин. Имотот, како што е наведено во огласот е во сопственост на Република Македонија и е запишан во Имотен лист број 100225.

Топлотниот бран кој ја погоди Европа донесе рекордни температури за овој период од годината во многу земји со умерена клима, како Франција, Германија, Белгија, Велика Британија и други. На Балканот, вклучувајќи ја и Македонија, овие високи температури, иако се нешто над просекот, сепак полесно се поднесуваат, но тоа што сме навикнале на нив низ годините не значи дека нема да предизвикаат огромни последици.

Слично

Поврзани вести