ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ќе се укине полицискиот час, денес има 4 заразени со коронавирусот
ЌЕ СЕ УКИНЕ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС
Утрово Комисијата за заразни болници донесe одлука на Кризниот штаб да му биде предложено од 16 јуни да се укине целосно полицискиот час. Според Комисијата, епидемиолошката состојба е стабилна и го дозволува ова.
Исто така, предложено е да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави.
Третата одлука е да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1000 лица.ДЕНЕС ИМА 4 ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 1.337 тестирања, а регистрирани се 4 нови случаи на КОВИД-19, и тоа тројца од Скопје и еден од Прилеп.
Регистрирани се 14 оздравени пациенти од: Скопје – 8, Куманово – 3, Прилеп, Неготино и Македонска Каменица – по 1.
Пријавено е едно починато лице: од Скопје (66г), во болнички услови.
Направени се 1.337 тестови преку: ИЈЗ-28, ЦЈЗ Скопје-27, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово–0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-128, Авицена-81, Биотек-157, Систина-115, лабораторија Лаор-0, Синлаб-14, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа–0, Никоб лаб-141, ВФВ Медикал-49, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 597.
Досега во земјата се направени вкупно 835.436 тестирања на Ковид-19.СУДИИТЕ ЌЕ ДОБИВААТ ПОВИСОКИ ПЛАТИ
Министерот за правда Бојан Маричиќ на заедничка прес-конференција со претседателот на Здружението на судиите Џемали Саити, изјави дека е постигната согласност за зголемување на платите на судиите за 15 отсто.
СЕ ОТСТРАНУВААТ ПЛАТФОРМИ ВО СТРУГА
Рамиз Мерко, градоначалникот на Струга, денеска рече дека шест платформи на плажите на Охридското крајбрежје ќе се отстранат, додека останатите објекти имале одобрение. Ова струшкиот градоначалник го кажа пред првиот вицепремиер Артан Груби и министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири.
„Им благодарам на сите иматели на платформи на крајбрежјето, во разговори со сите чинители се договоривме ние да не бидеме „црна овца“, туку да се солидаризираат со колегите од Охрид, за Струга, Република Северна Македонија да не го загуби статусот на УНЕСКО, туку да се доближќиме до УНЕСКо, да се инвестира уште повеќе во ова крајбрежје.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
