Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ќе се конфискува имот ако нема доказ за потекло, Заев кажа кои се барањата на Бугарија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ќе се конфискува имот ако нема доказ за потекло, Заев кажа кои се барањата на Бугарија

ЌЕ СЕ КОНФИСКУВА ИМОТ АКО НЕМА ДОКАЗ ЗА ПОТЕКЛО 

Сите кои нема да можат да го докажат потеклото на имот во вредност над 30 илјади евра стекнат претходната година, тој ќе биде конфискуван, предвидува драфт верзијата на Законот за потекло на имот, кој првпат се носи во земјава, изјави денеска вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата Љупчо Николовски. Тој се обрати на конференцијата за детектирање и намалување на сивата економија. Оваа верзија на законот прво ќе биде испратена во Венецијанската комисија.

Законот нема да се однесува само на функционерите, туку на сите граѓани затоа што искуството покажува дека функционерите го препишуваат незаконски стекнатиот имот на други лица, а по завршувањето на функцијата си го враќаат.

ЗАЕВ ГИ КАЖА БАРАЊАТА НА БУГАРИЈА

Премиерот Зоран Заев денеска објасни што барал бугарскиот државен врв од земјава, со цел да ја тргнат блокадата на евроинтеграциите. 

Бугарската страна бара дипломатска нота дека името на државава не означува територијални претензии, немешање во внатрешните работи околу малцинските права и бришење на придавката бугарски пред фашистички окупатор на спомениците и во учебниците. Ова се конкретните чекори што ги побарал бугарскиот државен врв, на средбите со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. 

„Кај одредени наши споменици веќе тоа е направено. Каде што стоело бугарски фашистички окупатор сега веќе е фашистички окупатор, затоа што не можете нација да обвините за тоа”,  рече Заев.

Тој најави промени и во учебниците и тоа ќе биде во духот на пријателството. 

УШТЕ 16 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.747 тестирања, а регистрирани се 491 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 232, Куманово – 41, Штип – 26, Велес – 20, Битола – 19, Охрид – 17, Кавадарци – 16, Прилеп – 15, Струмица – 14, Свети Николе и Кратово – по 10, Кочани и Радовиш – по 8, Гостивар и Кичево – по 7, Гевгелија и Валандово – по 6, Струга и Берово – по 5, Ресен – 4, Тетово и Пробиштип – по 3, Крива Паланка, Виница и Демир Хисар – по 2, Неготино, Делчево и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 416 оздравени пациенти од: Скопје – 214, Струмица – 70, Куманово – 23, Тетово – 16, Штип – 12, Кочани и Кичево – по 10, Гостивар – 9, Битола – 8, Велес и Кавадарци – по 7, Прилеп и Свети Николе – по 5, Крива Паланка и Богданци – по 3, Охрид, Кратово, Радовиш и Пробиштип – по 2, Гевгелија, Валандово, Ресен, Македонски Брод, Македонска Каменица и Дојран - по 1.

Починале 16 лица: 8 починати лица од Скопје (88г, 82г, 82г, 76г, 72г, 72г, 71г и 64г), 3 починати лица од Куманово (80г, 71г и 65г) и по едно починато лице од  Струмица (71г), Тетово (61г), Охрид (85г), Штип (86г) и Берово (45г).

Без никакви пресметки, постои една едноставна логика поради што знаеме дека прележаноста, заедно со вакцинираноста, не се доволни. При дадено R0 летоска (преносливоста во летни услови) епидемијата зарази колку што беше потребно лица за да згасне самата од себе - беше постигната рамнотежа во услови на летна преносливост. Ни повеќе, ни помалку од тоа, појкаснува професорот од Техничкиот факултет во Битола, Дејан Трајковски во неговата последна анализа за епидемиолошката состојба во Македонија.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Неколкуте инциденти кои се случија со мигранти во земјава ги исплашија жителите на кумановското село Табановце, каде поминуваат групи и продолжуваат за Србија.

Како наближува есента, а со тоа следува и се повеќе затворање во простории каде има поголем број луѓе на мал простор, епидемиолозите освен што стравуваат дека е можно зголемување на бројот на заразени со корона вирусот, опасноста од заболување од сезонски грип е исто така голема.

Точно е дека минатата година беше една од потешките економски години за домашната економија, а поради рестрикциите, компаниите се бореа со ликвидност. Во таа година порасна и долгот на корпоративниот сектор, но бројот на банкротираните компании се намалил.

Законските измени со кои граѓаните во земјава нема да заглавуваат во страшни долгови поради застарени сметки на кои можеби и не се сеќаваат, нема да застанат само на последните дополнувања на Законот за облигациони односи, со кои се предвиде дека износот на стасаната а неплатена договорна камата која ќе треба да ја платат должниците, нема да смее да ја надмине главницата.

Слично

Поврзани вести