ФАКТОР НА ДЕНОТ: Kичеец оди во притвор, осомничен е дека ја предизвикал сообраќајката кај Стрaжа
КИЧЕЕЦ ОДИ ВО ПРИТВОР
Зоран Милевски Кичеец од попладнево е префрлен во затворот во Шуто Оризари откако Основниот суд во Гостивар му одреди 30 дневен притвор. Тој е осомничен дека ја предизвикал сообраќајната несреќа близу Стража во која загина 34 годишен гостиварец.
Зоран Милески Кичеец имал одобрен прекин на издржувањето на затворската казна во рок од 30 дена, период кој нема да му се засметува во издржаната казна, соопштија вчера од Управата за извршување на санкции.
Кичеец беше осуден во случајот „Рекет“.
ЗА 24 ЧАСА ИМА 32 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТМинистерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 6.425 тестирањe, а регистрирани се 682 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 317, Куманово – 51, Тетово – 49, Битола – 31, Кичево – 30, Кавадарци – 22, Гостивар – 19, Струмица – 18, Ресен – 15, Прилеп – 13, Охрид и Струга – по 11, Делчево -10, Пробиштип и Валандово – по 8, Радовиш, Крива Паланка и Кратово – по 7, Штип и Дебар – по 6, Велес, Неготино, Свети Николе и Берово – по 5, Кочани и Гевгелија – по 4, Виница и Демир Хисар – по 2, Богданци, Пехчево, Македонска Каменица и Дојран – по 1.
Регистрирани сe 1.031 оздравени пациенти од: Тетово – 393, Скопје – 296, Гостивар – 99, Куманово – 57, Кичево и Охрид – по 28, Струга – 25, Дебар – 21, Струмица – 15, Битола – 13, Прилеп – 11, Велес – 10, Македонски Брод – 8, Пехчево – 5, Радовиш и Кочани – по 4, Виница – 3, Валандово, Кратово, Свети Николе и Берово – по 2, Кавадарци, Ресен и Македонска Каменица – по 1.
Пријавени се 32 починати лица: 9 починати лица од Скопје (88г, 78г, 71г, 69г, 68г, 66г, 61г, 53г и 42г), 4 починати лица од Куманово (84г, 70г, 63г, 58г), по 3 починати лица од Гостивар (71г, 71г и 41г) и Тетово (88г, 82г и 82г), по 2 починати лица од Велес (80г и 72г), Свети Николе (73г и 53г) и Штип (56г и 33г) и по едно починато лице од Кичево (75г), Охрид (62г), Струга (80г), Дебар (83г), Струмица (70г), Прилеп (65г) и Македонски Брод (61г).ПОПИШУВАЊЕТО ПРОДОЛЖУВА
Апостол Симовски, директорот на Државниот завод за статистика, по вчерашниот прекин на системот, денеска изјави дека претпладнето националниот попис продолжил со попишувањето.
- Денешното рестартирање на процесот значи дека повеќе ќе нема вакви проблеми. Она што вчера ни се случи, тој технички проблем, наиде на решение и сето е ова за да го нема повеќе истиот. Тие беа предвидени и однапред, има постојана екипа која е подготвена и се оклонуваат работите од провајдерот на апликацијата и од провајдерот на конекцијата, рече Симовски денеска при посетата на Куманово.
Тој додаде дека претпладнето по изминатите два дена попишување, земени се податоци ок околу 150.000 граѓани.СЕ УШТЕ Е АКТУЕЛЕН СКАНДАЛОТ ВО МНР
Премиерот Зоран Заев денеска во Сарај, коментирајќи го апсењето на македонскиот дипломат во Србија со издадена меѓународна потерница од Ерменија уште во февруари 2020, рече дека истиот бил активен во времето на поранешните министри за надворешни работи од ВМРО-ДПМНЕ - Антонијо Милошоски и Никола Попоски.
„Се работи за наш граѓанин и стоиме зад него се додека не се достават материјали дека е вмешан во кривично дело. Овој човек бил доста активен во времето на ВМРО-ДПМНЕ, назначен во ОБСЕ по различни линии, уште во времето на Милошоски и Попоски“, изјави Заев на новинарско прашање.
Тој додаде дека во земјата нема да биде прогласен за виновен додека тоа не се докаже, иако преку меѓународна потерница се бара затоа што преку дипломатски канали му помогнал на братот на поранешниот ерменски претседател да побегне од Ереван во Виена додека бил гонет за проневера на висока сума на пари.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
