ФАКТОР НА ДЕНОТ: Казните од „Безбеден град“ официјално ќе почнат од 1 февруари
КАЗНИТЕ ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ СТАРТУВААТ ОД ФЕВРУАРИ
Безбеден град ќе започне да функционира од 1 февруари 2026 година на територија на Скопје, Тетово и Куманово, како и долж коридорите 8 и 10, потврди МВР за МИА.
За прекршоците регистрирани преку системот „Безбеден град“, Министерството за внатрешни работи (МВР) на сопственикот на возилото со кое е направен сообраќајниот прекршок испраќа СМС порака и е-пошта на контактите дадени при регистрација. Во пораката ќе има линк за преземање на записникот за прекршок и прекршочниот платен налог.
Ако сторителот ја прифати одговорноста и ја плати глобата во рок од осум дена од приемот на записникот, ќе плати половина од изречената казна. По истекот на овој рок, глобата може да се плати во целост најдоцна во наредните осум дена, пред да започне постапката за присилна наплата. Во случај на навремено плаќање, се покриваат и трошоците за целата постапка.НЕПРАВИЛНОСТИ ВО РАБОТЕЊЕТО НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ
Кај 14 јавни здравствени установи од кои две во Скопје се утврдени неправилности во работењето, покажала вонредната контрола на работењето и финансиското управување на службите за Итна помош и на Домашна посета на целата територија на државата, што ја спроведе Фондот за здравствено осигурување.
MAЛ АВИОН ПАДНА ВО МАВРОВСКОТО ЕЗЕРО
Мал авион се урна во Мавровско Езеро. Во авионот имало две лица, од кои едното е повредено, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
- Инцидентот бил пријавен на број 112, а информацијата веднаш е проследена од страна на ЦУК до СВР-Тетово, Итната медицинска помош (ИМП) и Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК-Тетово) за итна интервенција - соопшти ЦУК.
МИЦКОСКИ ПОТВРДИ ДЕКА ТРЕЗОРОТ СЕ ЗАТВОРА ВО ПОНЕДЕЛНИКПремиерот Христијан Мицкоски денеска ги потврди гласините - во понеделник на 15 декември се затвора трезорот за буџетски плаќања.
Ова се прави за прв пат во модерната историја на земјата уште на средина на еден месец за да се подобри неликвидноста со исплатите на државните институции.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
