ФАКТОР НА ДЕНОТ: Казнети се маркетите кои не ги почитувале владините мерки, а за ковид мерките засега нема олабавување
КАЗНЕТИ СЕ МАРКЕТИ ПОРАДИ НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ВЛАДИНИТЕ МЕРКИ
Казнети се 16 маркети бидејќи не го продавале белиот леб, зејтинот и брашното тип 400 по набавна цена. Од нив 7 се големи маркети во Скопје, за кои казната е 7.000 евра за правното лице, а 350 евра за одговорното лице.
Кај 17 маркети воопшто не можело да се провери дали ја почитуваат владината одлука, затоа што не ја чувале евиденцијата за набавките во објектот. Но, и тоа е казниво дело, и тие се казнети со по 60 до 800 евра. Контролите продолжуваат.
Министерот за економија Крешник Бектеши бара од инспекторите да казнуваат за нечесно пазарно однесување во време на криза.
За време на викендот, маслото за јадење се продаваше со различни цени низ маркетите во земјава.
ЗАСЕГА НЕМА ОЛАБАВУВАЊЕ НА КОВИД МЕРКИТЕ
Министерот за здравство. Беким Сали по денешниот настан на Клиниката за ортопедија каде беше доделена јапонска донација соопшти дека во моментов Македонија е меѓу жолтата и зелената зона и очекува во теков на неделава да влеземе во зелената зона, но смета дека состојбата не е се уште толку позитивна за ослободување на мерките.
-Јас посакувам многу повеќе од вас да бидам првиот што ќе најави дека од утре сме без маски и сигурно ќе бидам запаметен по таа изјава, но состојбата се уште не е толку позитивна да можеме да кажеме ‘од денеска сме слободни’, истакна Сали.
Вели дека како министерство, заедно со Институтот за јавно здравје и Комисијата за заразни болести ја следат епидемиолошката состојба не само во земјава, туку и во регионот, но и пошироко.ИМА 92 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 1.176 тестови, а регистрирани се 92 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 60, Кавадарци и Охрид – по 6, Прилеп – 5, Струмица – 4, Куманово и Гостивар – по 2, Тетово, Штип, Кочани, Струга, Гевгелија, Радовиш и Делчево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (92), регистрирана е 13 реинфекција.ВО УКРАИНА И НАТАМУ „ВРИЕ“
Најмалку девет луѓе загинаа во напад од воздух врз телевизиска кула во северна Украина.
Локалниот гувернер Виталиј Ковал кажа дека ова се случило во областа Ривне во северна Украина, а во нападот се повредени уште девет луѓе. Под урнатините има луѓе. Инаку, во првите денови од војната имаше напад и на телевизиската кула во Киев. Русија на 24 февруари ја започна инвазијата на Украина. Секој ден има жртви.
Нуклеарната централа во Чернобил во Украина повторно остана без струја.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
