ФАКТОР НА ДЕНОТ: Казнети се гинеколози, наплаќале за прегледи кои требало да бидат бесплатни
УЈП И ФЗО КАЗНИЈА ГИНЕКОЛОЗИ
Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски објави дека се исконтролирани 49 приватни гинеколошки здравствени установи, односно матични гинеколози во заедничка контрола со УЈП поради зачестени преставки од пациенти.
Од 2012 досега не била направена ваква контрола,при што 23 ординации работеле неуредно и на нив им биле изречени санкции.
- Од утврдените 12 неправилности кај Фондот, главаната неправилност е наплата на бесплатни услуги од здравствените осигуреници и тоа било затекнато кај осум од нив, додека неводењето евиденција била кај 5 здравствени установи, рече Клековски.КОСТАДИНОВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ВЛАСТА ВРШИ МОБИНГ ВРЗ СУДСТВОТО
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски се пожали денеска дека од власта трпат притисоци. Тој најави и значително поинакви одлуки на уставните судии во текот на претстојната година за да се воведе дисциплина.
„Ако забележувате, во изминатиов период државните органи беа нервозни. Имаше интерпелација за мене, имаше изјави од типот „кој е тој Уставен суд да ни дава рокови и задачи?“. За исполнување на нашата одлука за Законот за електронски комуникации, доцнеа два месеци, сега доцнат десет месеци со измените во Кривичниот законик… Може слободно да пренесете: медениот месец за кој било државен орган завршува. Ние имаме механизми и видови одлуки со кои сме цврсто решени да воведеме уставна дисциплина. Во наредната година може да очекувате многу поинакви одлуки од Уставниот суд“, најави Костадиновски.
Тој особено кажа дека не смее да се дозволи надмоќ или доминација на една власт над другата.
УЈП ИСПРАТИЛО 10.000 ПОКАНИ ДО ГРАЃАНИТЕ КОИ РАБОТЕЛЕ ВО СТРАНСТВО ЗА ДА ПЛАТАТ ДАНОК
Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарски прашања рече дека биле испратени 10.000 покани до граѓаните да го платата данокот на приход остварен во странство.
Има и такви покани да се плати овој данок за приход остварен во 2020 година, з ашто денес ќе има и протест во Куманово, но директорката Петрова вели дека тоа не е ретроактивно работење.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
foto freepik.com
