ФАКТОР НА ДЕНОТ: Катица Јанева го изгуби правото да работи кај синот, при контрола не e најдена во канцеларијата
КАТИЦА ЈАНЕВА ПРИ КОНТРОЛА НЕ Е НАЈДЕНА ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА СИНОТ
Поради неправилности во условниот отпуст, поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева е вратена во затворот во Идризово, неофицијално дознава Сител од свои извори.
Управата за извршување на санкции решила да провери дали Јанева го почитува условниот отпуст и приватна компанија во која требало да работи не била отворена.МИЦКОСКИ И БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР СЕ СОГЛАСНИ ДЕКА ТРЕБА ДА СЕ СМИРАТ ТЕНЗИИТЕ
Со Мицкоски исто мислиме, дека односите треба да се вратат на ниво од 2017-та година, вели бугарскиот премиер, Димитар Главчев.
Тој разговарал со премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски со кого споделиле исто мислење, односно дека треба да се намалат тензиите и да се нормализираат односите.ЛЕВИЦА ГО КРИТИКУВА ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ
Јавниот превоз во главниот град и понатаму ја бранува јавноста. И покрај бројните укажувања дека потребна е обнова на автобусите, и покрај најавата дека тоа ќе се случи во мандатот на сегашната градоначалничка, процесот целосно е блокиран откако „мајката“ на Скопјани и партијата која ја поддржа да дојде на градоначалничката позиција се скараа.
И покрај бројните апели од градоначалничката Данела Арсовска, да се стави на дневен ред на гласање одлуката за набавка на нови автубуси, тоа претседателот на Собранието, Трајко Славески, од редовите на ВМРО- ДПМНЕ редовно го одложува, за што реагираше и самата градоначалничка.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
