ФАКТОР НА ДЕНОТ: Катастарските услуги драстично ќе поевтинат
KATAСТАРСКИТЕ УСЛУГИ ЌЕ ПОЕВТИНАТ
Како што соопшти премиерот Христијан Мицкоски, поевтинуваат катастарските услуги за шестпати, односно до милион евра годишно ќе остануваат во паричниците на граѓаните.
„На покана на директорот, на заменикот директор, на луѓето овде во Агенцијата за катастар на недвижности разговаравме за сите овие би рекол реформи коишто се прават, сите овие поевтинувања коишто се прават и коишто се важни за граѓаните и од тоа што го слушнав од директорот можам да заклучам две работи. Првата работа е дека услугите за четири, пет, шест па и повеќе пати поевтинуваат за граѓаните, Вие слушнавте од директорот дека до милион евра годишно ќе остануваат во паричниците на граѓаните, тоа е многу важно да се напомене дека услугите за четири, пет, шест па и повеќе пати за граѓаните ќе поевтинат.МИЦКОСКИ СО ОСТРИ ЗБОРОВИ КОН ПЕТРОВСКА, ТАА ВОЗВРАТИ
Поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка, Славјанка Петровска вели дека е потребно целосно размонтирање на убиството кое деновиве се случи кај Мавровка.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати остри зборови кон неа, по што таа се јави со реакција.
„Кога Мицкоски зборува за политички глодари, треба да се потсети на неговите некрофилски изјави во минатото. А сега да потсетиме на фактите за осомничените за убиството кај Мавровка. Убиството се случува на 20.8.2024 година, во сред бел ден, во центарот на Скопје. МВР соопштува дека еден осомничен е уапсен, се трага по вториот кој е во бегство. Имиња ниту пак иницијали нема“, се вели во реакцијата на Славјанка Петровска од СДСМ.СДСМ ИЗЛЕЗЕ СО СЕРИОЗНИ ОБВИНУВАЊА ЗА БЕГСТВОТО НА РАМАДАНИ
СДСМ и денеска побара одговорност од МВР и министерот Панче Тошковски за бегството на поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани од куќен притвор, тврдејќи дека за бегството му помогнале вработени од полицијата односно тоа било овозможено со „партиско-полициска организирана шема“.
Пратеникот на СДСМ Митко Трајчулески денеска на прес-конференција соопшти дека имаат докази од „свиркачи“ дека Рамадани ја напуштил државава и заминал во Косово - на 10 август со Наим Рамука, началник на северната граница со Косово, а на 14 август, кога и избегал од земјава, бил превезен од вработен во општина Чаир по наредба на Рамука. И во двата случаја границата на Блаце ја поминале по лентата за товарен сообраќај без никаква контрола.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Оние кои добиваат резервации од туристи преку booking, велат дека ги читаат мислењата на посетителите и за нив е важно да имаат добри препораки.Пивара Скопје имаше извонредна деловна година во својата 99 година од постоењето, покажуваат податоците од финансиските извештаи достапни на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност.
Пензискиот фонд за прв пат по повеќе години и време за кое се сметаше дека е веќе минато, користел позајмици за редовно да ги исплати пензиите и да ја покрие дупката што се јавила помеѓу приходите и трошоците.
Важна вест стигна од Народна банка на Македонија. А таа е дека нашите банки се полни со граѓански заштеди, кои веќе „опасно“ се доближуваат до шест милијарди евра.
