ФАКТОР НА ДЕНОТ: Kaстриот не се појави во Собранието, немаше гласање доверба на Владата, по што опозицијата го напушти Собранието
БУРЕН ДЕН ВО СОБРАНИЕТО
Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ вечерва изјави дека во Македонија се погази демократијата и сите ќе одговараат за ова.
„Беше киднапиран пратеник, беа земани мобилни телефони од пратениците и беа затворани во простории во Собранието. Бараме брзи предвремени избори во најбрз можен рок“, рече тој.
За иницијативата за гласање (не)доверба на влада, Николоски рече дека не ја повлекуваат и дека сега сите ќе го напуштат Собранието.
Николовски го критикуваше и претседателот Стево Пендаровски кој не нашол за потребно да реагира во ваква ситуација.
Се губи смислата на изборите бидејќи тие со вакви методи можат до стигнат и до 90 пратеници, порача лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
Тој вели дека оваа власт не паѓа милум и треба радикализација. Додава дека состојбата е алармантна, и дека демократијата е парализирана.Претседателот на БЕСА, Билал Касами, вечерва пред Собранието изјави дека се убедени дека видеото од нивниот пратеник Кастриот Реџепи е направено под присила.
„Ако пратеникот бил слободен, доброволно и на некоја позиција, требало да не информира органите на редот и мене да ми кажат дека да, знаеме каде е пратенико“, вели Касами.
Касами додава дека видеото е снимено под присила и за тоа говори фактот што е направено во моментот кога тој оди во полиција да го пријави пратеникот за исчезнат.
Не знаеме дали е киднапиран против своја волја, ако беше слободен, ќе се појавеше во Собранието и ќе се изјаснеше, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за непојавувањето на пратеникот Кастриот Реџепи на седница.ПРАТЕНИК ОБЈАВИ ДЕКА ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА ПРАВЕЛА ПРЕТРЕС КАЈ НЕГО
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, објави дека од раните утрински часови претрес во неговиот дом врши Управата за финансиска полиција.
Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е еден од пратениците од кои денеска се очекува да гласаат за недоверба на Владата во Собранието.КОПАЧ ВЕЛИ ДЕКА СТРУЈАТА ЌЕ ПОСКАПИ
Јанез Копач, претседателот на Комитетот на Европската енергетска заедница, по средбата со првиот регулатор Марко Бислимовски рече дека домаќинствата во Македонија треба да се подготват за неминовно поскапување на струјата според пазарните законитости.
- Најлесно преживуваат во таква криза оние кои имаат домашно производство. Македонија полно зависи од увозот. Нема јаглен во Осломеј и Битола.
Тоа не може да се реши за кратко време туку со нови инвестиции во гасни централи, сончеви панели и проекти како Чебрен.
Ќе дојде до поскапување., а најважно е да се дефинираат ранливите потрошувачи за да им се овозможи помош.НАД 400 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
· Направени се 2.663 тестирања, а регистрирани се 432 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 142, Битола – 47, Прилеп – 31, Куманово – 22, Кавадарци – 19, Тетово, Велес и Кочани – по 18, Штип и Радовиш – по 12, Демир Хисар – 9, Гевгелија, Ресен и Делчево – по 8, Виница – 7, Гостивар, Неготино, Крива Паланка, Берово и Кратово – по 6, Охрид и Кичево – по 5, Струмица – 4, Крушево – 3, Македонска Каменица – 2, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 1.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
