ФАКТОР НА ДЕНОТ: Kaстриот верува дека уставните измени ќе поминат, вели пратеници ќе гласаат по сопствено убедување
КАСТРИОТ РЕЏЕПИ СМЕТА ДЕКА ЌЕ ИМА ДВОТРЕТИНСКО МНОЗИНСТВО ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ
Мислам дека секогаш ќе има совесни пратеници да го искористат уставно загарантираното право да гласаат по сопствено убедување, иако не би било во линија со партијата, вели независниот пратеник Кастриот Реџепи, кој беше исклучен од Беса откако пред точно една година ја спаси владата на СДСМ и ДУИ.
Тој во интервју за „Фокус“ вели дека ќе се обезбеди двотретинско мнозинство за уставни промени, неопходно за отворање на преговарачките поглавја со ЕУ.
„Верувам во тоа, зашто сам сум гласал против позицијата на политичката партија, иако немаше одлука на органите. Гласав различно од партијата“, рече Реџепи.ЧОВЕКОТ КОЈ ЛИЧИ НА РАДЕ ШЕРБЕЏИЈА Е СОВЕТНИК НА ЛЕВИЦА
Човекот за кого може на прв поглед да се каже дека е двојник на легендарниот актер Раде Шербеџија, всушност е Славко Митевски (56) од Скопје. Тој е советник на Левица во Општина Карпош.
„Раде не ми беше инспирација, случајно беше со редослед на настани и многу луѓе влијаеа на мојот изглед“, вели Славко.РУСИЈА ВЛЕЗЕ ВО РЕЦЕСИЈА
Руската економија падна во рецесија. Бруто домашниот производ е намален за четири отсто во третиот квартал, покажува првата проценка за економската активност на рускиот статистички институт Росстат.
Според нивните податоци, и економијата во вториот квартал паднала за околу четири отсто.
Според француската новинска агенција АФП, контракцијата на руската економија во третиот квартал била помала отколку што предвидувале аналитичарите. Тие проценуваа дека падот ќе биде 4,5 отсто.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
