ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кампањата заврши, од полноќ почнува изборниот молк
ОД ПОЛНОЌ МАКЕДОНИЈА ВЛЕГУВА ВО ИЗБОРЕН МОЛК
На полноќ завршува изборната кампања и почнува изборниот молк.
В недела на 17 Октомври ќе се одржат локални избори.
Во сабота гласаат болните и немоќни, ковид болните и оние во самоизолација, затвореници и лицата во старечки домови.РЕАКЦИЈА ОД БУГАРИЈА, НО СПОМЕНИКОТ НЕ Е СКВЕРНАВЕН
Maкедонското Министерство за надворешни работи (МНР) ги отфрла тврдењата за наводно оштетување на спомен обележје на бугарски војници во околината на Кавадарци
Информираат дека главниот споменик не потпаѓа под никаков режим на заштитен споменик или културно наследство, но и без тоа истиот е без оштетувања. Второ, околу споменикот постои земјоделско земјиште кое се обработува на начин што се заобиколува ова обележје. Трето, споменикот е надвор од предвидениот појас за изведба на трајните работи истиот не е засегнат од било какви извршени градежни работи и по извршениот увид на терен е констатирано дека е без видливи оштетувања.ПОВТОРНО ИМАМЕ НАД 400 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 3.025 тестирања, а регистрирани се 413 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 205, Куманово – 37, Велес – 20, Прилеп – 19, Битола – 15, Штип – 14, Кавадарци – 12, Пробиштип – 9, Тетово, Охрид и Гевгелија – по 8, Кичево и Кочани – по 7, Струмица – 6, Свети Николе, Крива Паланка и Делчево – по 5, Македонска Каменица – 4, Струга, Неготино, Радовиш и Кратово – по 3, Богданци и Демир Хисар – по 2, Гостивар, Берово и Пехчево – по 1.
Регистрирани сe 309 оздравени пациенти од: Скопје – 137, Куманово – 27, Штип – 20, Битола – 14, Кавадарци, Кочани и Свети Николе – по 12, Велес – 11, Тетово – 9, Прилеп – 8, Крива Паланка – 7, Охрид – 6, Виница – 5, Гевгелија и Струмица – по 4, Струга , Неготино, Кратово, Ресен и Валандово – по 3, Демир Хисар и Крушево – по 2, Пробиштип и Радовиш – по 1.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
