Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кампањата влегува во финишот, а реториката се заострува

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кампањата влегува во финишот, а реториката се заострува

СЕ БЛИЖИ КРАЈОТ НА КАМПАЊАТА

Се гледа крајот на изборната кампања. Острата реторика на партиите продолжи и по првиот изборен круг, а не изостануваат ниту пак ветувањата за подобар живот.

Засилени партиски активности со митинзи не изостанаа ниту на оваа кампања а најинтересна битка за дел од јавноста е Скопје бидејќи копјата ќе ги кршат Петре Шилегов и Данела Арсовска.

Оваа недела на 31 октомври втор круг ќе се одржи во 44 општини.

Премиерот Зоран Заев во гостувањето во емисијата „Утрински брифинг“ претпладнево рече дека е убеден во тоа дека Данела Арсовска, кандидатот за градоначалник на Град Скопје, има бугарско државјанство, иако во актот што наводно беше објавен од власта на социјалните мрежи таму заведеното име е „Даниела Арсовска“.

На денешната прес конференција на кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, не беше презентиран нов проект, туку темата беше лавината лаги, црни кампањи и обвинувања инструирани од  Шилегов, СДСМ и Заев. 

ЛЕВИЦА ГО СООПШТИ СВОЈОТ СТАВ ЗА ВТОРИОТ КРУГ ОД ИЗБОРИТЕ

Левица конечно испрати порака како да се гласа во вториот круг од локалните избори. 

Наведуваат дека партиското раководство на Левица, ценејќи го антивладиното и проопозициско расположение на членството, поддржувачите и симпатизерите, и земајќи го предвид фактот дека Левица не е градена како пајтон-партија за еднократна употреба, туку како брзорастечко политичко движење кое го презема приматот во левиот политички спектар, а имајќи ги предвид констелациите и сложената политичка слика која се создаде после овие Локални избори 2021, како и превенирајќи го претстојното ново национално понижување и предавство кое го спрема вазалот Заев во односите со ЕУ и со Бугарија, доколку евентуално остане на власт – ги донесе следниве политички заклучоци и идни насоки:

1. 

Левица има склучено само коалиција со народот и со граѓаните кои живеат од сопствениот труд и чии класни интереси ги застапува, и одбива било каква формална коалиција со било кој друг политички субјект – било од власта, било од опозицијата.

ДЕНЕС ИМА 444 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.210 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 187, Куманово – 37, Kрива Паланка - 22, Штип – 20, Велес и Кавадарци – 19, Битола –  17, Тетово и Кочани  – по 16, Прилеп –  15, Охрид, Струмица и Гевгелија – по 9, Неготино и Ресен – по  7, Берово –  5, Свети Николе –  4, Кичево, Радовиш и Пробиштип  – по 3, Струга, Делчево, Валандово, Кратово, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица –  по 2, Виница, Пехчево и Дојран – по 1.

Регистрирани сe 225 оздравени пациент од: Скопје – 158, Куманово – 14, Битола – 8,  Велес  – 7, Гевгелија – 6, Кочани, Струмица, Свети Николе и Демир Хисар – по 4, Штип и Пробиштип  – по 3, Кавадарци, Радовиш и Кичево – по 2, Неготино, Кратово, Виница и Македонски Брод – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица:  2 починати лица од Скопје (56г и 46г)  и по едно починато лице од Кавадарци (74г), Куманово (88г), Кочани (84г), Струмица (73г), Прилеп (71г) и Тетово (69г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Првиот круг од локалните избори кои се одржаа на 17 октомври, покажа слаба излезност, за што социологот Славе Младеновски објаснува дека граѓаните немаат желба за промени и се чувствуваат немоќни.

Од барања на земјоделците за повеќе од 80 милиони евра, пари кои претежно ги нуди Европската унија како грантови, при обработката на барањата од јавните повици за ИПАРД програмата во 2020 биле одобрени само помалку од 12 милиони, покажува извештајот за минатаta година на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. 

Со 21 советник од редовите на СДСМ на советничката листа на Градот Скопје, на сегашниот градоначалник Петре Шилегов му беше многу поедноставно да менаџира со метрополата, отколку што тоа ќе му биде на новиот прв човек на градот, без разлика дали тој или неговата противкандидатка Данела Арсовска ќе седнат во градоначалничката фотеља.

Секоја акција на најтрофејниот македонски фудбалски клуб е продадена по цена од 20.000 денари. Со купувањето на сега веќе второлигашот „Вардар“ новиот газда превзеде и натрупани долгови во износ од три милиони евра, а  само за лани загубата е еден милион евра

Слично

Поврзани вести