Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кампањата продолжува, Заев повикал на обединување

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кампањата продолжува, Заев повикал на обединување

ЗАЕВ СО СМС ДО ЧЛЕНСТВОТО ПОВИКАЛ НА ОБЕДИНУВАЊЕ

Meдиумите објавуваат СМС порака за која тврдат дека премиерот Зоран Заев ја пратил до сопартијците и повикува на обединување. 

„Другари и другарки СДСМ е во акција! Разговарајте со граѓаните и уважете сечиј став. Барам секој од вас да повика на обединување за да продолжиме напред. Ваш Зоран Заев“, стои во СМС пораката.

Заев вчера кажа дека ќе го слушаат гласот на граѓаните и дека народот им пратил порака на изборите. Кажа дека добиле „жолт картон“ и од нив зависи дали тоа ќе биде црвен картон. 

СЕЛА СПОМЕНУВА ФОРМИРАЊЕ НА НОВО ПАРЛАМЕНТАРНО МНОЗИНСТВО

Има спремност за ново мнозинство, велат од Алијанса за Албанците на Зијадин Села. 

Села, на денешното партиско Централно претседателство во Тетово ги информирал останатите членови за деталите од последните состаноци, кои се одржуваат во врска со формирањето на новото парламентарно мнозинство.

„Централното претседателство едногласно ги назначи претседателот и потесното претседателство како одговорни за да ги продолжат преговорите со другите партии и пратеници на помалите партии коишто покажале спремност да бидат дел од новото парламентарно мнозинство, коешто мнозинство понатаму ќе го избере и новиот состав на Владата. Деталите од овие состаноци ќе бидат објавени во наредните денови“, соопштија од АА.

ЗА 24 ЧАСА ИМА 490 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.073 тестирањe, а регистрирани се 490 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 223, Куманово – 38, Прилеп – 33, Велес – 32, Штип – 24, Битола – 20, Кавадарци – 19, Охрид – 17, Крива Паланка – 16, Кочани – 10, Кичево – 8, Македонска Каменица – 6, Гевгелија – 5, Струмица, Радовиш и Пробиштип – по 4, Тетово, Делчево, Виница, Валандово, Кратово и Демир Хисар – по 3, Гостивар, Струга и Неготино – по 2, Свети Николе, Ресен и Богданци – по 1.

Регистрирани сe 201 оздравени пациенти од: Скопје  –  143, Велес – 10, Кавадарци – 8, Куманово – 7, Штип – 5, Кочани – 4, Гевгелија и Радовиш – по 3, Прилеп, Битола, Неготино, Свети Николе и Пробиштип – по 2, Тетово, Охрид, Кичево, Ресен, Кратово, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Правници, лекари, наставници, медицински техничари, инженери, пензионери и луѓе од многу други професии станаа советници и во идните 4 години ќе треба да ги бранат интересите на граѓаните во советите на општините.

Се повеќе големи индустриски капацитети во Македонија се ориентираат кон изградба на фотонапонски централи со соларни панели на сопствените површини, а тоа се чини дека е вистински и правовремен одговор на енергетската криза која што е во најава.

Додека државната пошта трупа загуби, компаниите кои вршат поштенски услуги на слободниот пазар го „собраа“ ќарот. Поштата на Северна Македонија која прикажа минус од работењето во 2020 година од над 1,5 милиони евра, деновиве беше актуелна повторно откако група вработени поддржани од двата синдикати одлучија да протестираат за заостанатите плати. 

Ако се околу нас сега забрзано поскапува, тоа уште од пред неколку месеци е тренд за становите, но во третиот квартал од годинава се работи за огромен скок на цените, каков што не е запаметен долго време наназад.

Слично

Поврзани вести