Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Каја Калас порача дека патот до ЕУ не е лесен, се надева дека планот А ќе функционира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Каја Калас порача дека патот до ЕУ не е лесен, се надева дека планот А ќе функционира

КАЈА КАЛАС ОД СКОПЈЕ ПОРАЧА МАКЕДОНИЈА ДА ОСТАНЕ НА ЕВРОПСКИОТ ПАТ

Европската Унија останува со Северна Македонија на патот кон целосното интегрирање, порача денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Каја Калас на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Скопје.

Високата претставничка истакна дека разговарале за повеќе теми, при што потенцира дека земјава е првиот корисник во регионот на она што го нуди Планот за раст на Западен Балкан, но и прва држава, која го потпишала Партнерството за безбедност и одбрана со ЕУ. 

Нагласи дека на средбата меѓу другото се разговарало за напредокот на македонската економија и истакна дека тој процес е од големо значење и за самата Унија. 

НАДЛЕЖНИТЕ ДАДОА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА СЛУЧАИТЕ НА МАЈМУНСКИ СИПАНИЦИ

Заменик-министерот за здравство, Јовица Андоновски на денешната прес-конференција информира дека по лабораториски анализи на Институтот за јавно здравје потврдени се два случаи на мајмунски сипаници.

Андоновски соопшти дека попладнево ќе заседава Комисијата за заразни болести.

Апелира граѓаните да не паничат оти како што рече, системот функционира и се преземаат сите активности.

И директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска информира дека се работи за два машки пациенти родени на 1981 и 1985 година, и двајцата од Скопје. Според информациите шти ги дале двајцата пациенти не патувале никаде надвор од државата.

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВЕ ЛИЦА ЗА СКАНДАЛОТ НА ОНКОЛОГИЈА

Две лица одат во куќен притвор за скандалот на Онкологија каде вработени на „црно“ препродавале лекови на Косово. 

„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, за определување мерки за обезбедување присуство против две лица, доставен до судот заедно со обвинителен акт за предметот во јавноста познат како „Онкологија“, по одржана седница во присуство на странките донесе решенија со кои: против обвинетите Н.В. и Н.Н се определува мерка куќен притвор, а воедно останува во сила претходно определената мерка за претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, заради постоење на околностите од чл. 165 ст. 1 т. 1 од ЗКП односно Опасност од бегство“, информираа од судот. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Телеком преку Македонската берза ја извести инвеститорската јавност за промени во органите на управување, одлука која ја донело Собранието на акционери. Имено, отповикани се дел од неизвршните директори од Одборот на директори, и на нивно место се именувани нови.

ОКТА останува неприкосновен увозник на нафтени деривати, а „Макпетрол“ и понатаму е најголем продавач на горива на мало. Но во структурата на господарите на октаните има измени.

На 28 мај оваа година, односно во среда идната недела, е закажана 52 седница на Собранието на Македонија, а како прва точка е ставен изборот на гувернер.

Јане Јаневски ќе биде претседател на Надзорниот одбор на винарската визба „Тиквеш“, соопшти компанијата. 

Телеком преку Македонската берза ја извести инвеститорската јавност за промени во органите на управување, одлука која ја донело Собранието на акционери. Имено, отповикани се дел од неизвршните директори од Одборот на директори, и на нивно место се именувани нови.

Носењето на Законот за работно ангажирање, со кој ќе се регулира работното ангажирање на лица кои не се во работен однос, кои се вработени, пензионери и студенти, беше позитивно пречекано од пензионерите кои се чини дека посакуваа ваква прилика за да можат да се вработат.

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести