ФАКТОР НА ДЕНОТ: Кај Ивана немало присуство на дрога и алкохол, а кај Стојанче имало кокаин и дијазепам
КАЈ СТОЈАНЧЕ ЈОВАНОВСКИ Е УТВРДЕНО ПРИСУСТВО НА КОКАИН И ДИЈАЗЕПАМ
Вештото лице, професорот Златко Јаќевски кој ја извршил обдукцијата на Ивана Стојаноска по самоубиството, денеска на судење по исказот на обвинетиот Стојанче Јовановски, направи разграничување на повредите од падот од балконот со тие од пред тие што ги здобила Ивана пред една недела.
Два крвни подлива со модрожолтеникава боја на левиот образ настанале пред една недела, а подливите на вратот под брадата биле од дента на 2 март која починала, или од претходниот ден.
СДСМ ИСПРАТИ ПИСМА ДО ЕУ
СДСМ испрати писма до ЕУ за најавите на премиерот Христијан Мицкоски за политички прогон, во кои укажуваат на нарушување на демократскиот и уставниот поредок, поделбата на власта и владеењето на правото
Првиот човек на СДСМ, Венко Филипче,испратил официјални писма до Европската Унија, Европската комисија, Европскиот парламент, известувачот за Македонија, како и до амбасадорите на земјите членки на ЕУ, за „сериозно нарушување на демократскиот и уставниот поредок, поделбата на власта и владеењето на правото во Македонија“.
Писмата следат откако премиеротХристијан Мицкоски на 15 април рече дека „има чувство дека набргу функционери од претходната влада ќе бидат опфатени со прогон“.ИМА ОБВИНЕНИЕ ЗА СУДИЈАТА РИСТОВ
Поднесено е обвинение против апелациониот судија Ѓоко Ристов во чиј семеен дом беа пронајдени 350.000 евра сокриени во ѕид, информираат од Основното јавно Обвинителство, од каде укажуваат дека обвинението кое го покренува Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција следува по признанието на адвокатот Фехми Стафа.
Како што веќе објавивме, Стафа се спогоди на казна затвор од една година и три месеци, бидејќи земал поткуп од 50.000 евра, со кој требало да влиае кај судијата Ристов за укинување на притвор на неговиот клиент Љупчо Пецов- Ѓаволот.
- Во текот на детална истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги обезбеди сите докази кои ја потврдуваат основаноста на сомненијата дека обвинето лице што врши јавни овластувања – адвокат побарал вкупно 100.000 евра, а на 13.12.2025 година директно примил износ од 20.000 евра за да посредува со искористување на своето реално влијание врз судија од Апелациониот суд Скопје за укинување на мерка притвор определена кон лице кое тогаш било недостапно на органите на прогонот - се укажува во соопштението на ОЈО.ИРАН ОБЈАВИ ДЕКА ОРМУТСКИОТ ТЕСНЕЦ Е ОТВОРЕН
Цената на нафтата денеска нагло падна за околу 10 проценти, откако Иран објави дека Ормутскиот теснец е повторно отворен за сообраќај, што ги поттикна очекувањата за нормализирање на глобалното снабдување со енергија.
Референтната светска цена на суровата нафта од типот Брент падна на помалку од 90 долари за барел, поради оптимизмот дека редовните испораки би можеле да се обноват по неколкунеделни прекини, објавува „Гардијан“.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
