Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јовески и Русковска добиле писма со смртни закани

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јовески и Русковска добиле писма со смртни закани

ЈОВЕСКИ И РУСКОВСКА ДОБИЛЕ ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ

Јавниот обвинител на земјава Љубомир Јовески денеска преку писмено соопштение ја извести јавноста дека во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година во 10:26 часот, добил закана по неговиот живот.

„Препорачаната пратка со заканата е напишана на македонски и на англиски јазик. Заканата се однесува на конкретен кривичен предмет по кој постапката е завршена во декември 2021 година, со тоа што во предметот е донесена Резолуција со која постапката е запрена бидејќи е утврдено дека нема место за јавнообвинителско постапување. 

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, пред еден месец добила две писма со закани по живот, објави Дојче веле.

Случајот го пријавила веднаш во Министерството за внатрешни работи, по што добила дополнително обезбедување, согласно законот.  Таа сѐ уште чека информации од полицијата дали е откриено кој стои зад заканите.

„Писмата пристигнаа околу 23-24 декември минатата година. Заканите беа во смисла дека невини и угледни граѓани се во затвор, а ‘криминалците Зоран и Вице Заеви’ биле на слобода. Ако веднаш не ги осудам ќе бидам убиена. Двете писма беа во таа смисла“, вели Русковска за Дојче веле.

ИМАМЕ НАД 1.800 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 5.446 тестови, а регистриран е 1.861 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 908, Битола – 115, Кавадарци – 100, Куманово – 88, Тетово – 75, Прилеп – 69, Велес – 54, Струмица – 50, Гостивар – 45, Охрид – 41, Штип – 37, Гевгелија – 34, Неготино – 32, Свети Николе – 23, Кичево – 22, Струга и Ресен – по 20, Радовиш – 18, Кочани и Крива Паланка – по 16, Валандово – 15, Делчево – 11, Богданци – 9, Виница, Македонска Каменица, Демир Капија и Пехчево – по 5, Берово, Дебар и Македонски Брод – по 4, Пробиштип и Демир Хисар – по 3, Кратово и Крушево – по 2, Дојран – 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.861), регистрирани се 242 реинфекции, од кои една е втора реинфекција.

ПОЧИНА ЕДЕН ОД НАЈПОЗНАТИТЕ ТЕТОВСКИ ЛЕКАРИ

На 65 години почина познатиот тетовски лекар, началникот на кожното одделение при Клиничката болница Тетово и специјалист дерматовенеролог Фатмир Рушани, јави Тетово инфо. Денеска колеги, пријатели и роднини се збогуваат со докторот.

„Роден е на 3 мај 1956 година. Дипломирал на универзитетот во Приштина во 1984 година, додека специјализирал дерматовенерологија на државниот универзитет во Скопје во 2003 година, информираа од неговото семејство. 

РЕЏАИЛ ЌЕРИМИ ПОЧИНА ВО ЗАТВОР

Движење БЕСА, партијата на Билал Касами која премина во опозиција, денеска излезе со реакција дека „смртта на невиниот Реџаил Ќерими е смрт на правдата во Северна Македонија“.

- Одвлекувањето на политички монтирани случаи и недостигот на правда ја вратија Северна Македонија многу чекори назад. Смртта во затвор на еден од обвинетите во случајот „Алфа“ уште еднаш го покажува непрофункционирањето на правната држава и непоставувањето на правдата на вистинското место.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

На интернет  многу често има огласи на кои се бараат касапи. Од месарниците и кланиците во земјава велат дека тешко наоѓаат касапи, иако оваа работа е добро платена.

Пратениците ја продолжуваат агонијата на и така уништените компании. Поради тоа што не успеаја да ги усвојат измените на Законот за платен промет, фирмите кои имаат финансиски проблеми од почетокот на годината не можат да вршат плаќања со пресметка на меѓусебните побарувања.

Се освестуваат ли полека газдите дека недела веќе законски е прогласена за неработен ден и дека доколку тоа стриктно не го бара процесот на работа, работниците не смеат да бидат принудувани да работат на тој ден?

Веќе се потврдуваат тврдењата на Светската здравствена организација дека омикрон нема да биде последната варијанта. Сега во во Европа забрзано се шири нов подвид, но еминетниот епидемиолог, професорот Драган Даниловски во разговор за Фактор посочува дека нема место за паника, зошто која било следна варијанта на корона вирусот нема да предизвика катаклизма.

На предлог на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, Централниот одбор на СДСМ синоќа донесе одлука за замениците министри од СДСМ, а за заменик министер за финансии ќе биде предложен Филип Николоски. 

Слично

Поврзани вести