ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јован Митрески ги распиша изборите и повика на фер изборен процес
МИТРЕСКИ ГИ РАСПИША ИЗБОРИТЕ
Претседателот на Собранието, Јован Митрески, точно во 17.часот ги распиша претседателските и парламентарните избори.
-Во согласност со мојата уставна надлежност и уставно предвидените рокови ги потпишав решенијата за распишување на изборите за претседател на Република Северна Македонија и за пратеници во Собранието, истакна Митрески во изјавата.
МАКСИМ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ СПАСОВСКИ ЗА ХАОСОТ СО ДОКУМЕНТИТЕ
Партијата Движење „ЗНАМ-ЗА НАША МАКЕДОНИЈА“, како што се наведува во нивното соопштение, во консултации со граѓаните ширум Македонија како и со своето членство и поддржувачите, одлучи да поднесе кривична пријава против лицето Оливер Спасовски од Куманово и против Министерството за внатрешни работи на Република Сверена Македонија.
-Кривичната пријава се поднесува затоа што во периодот од 12.02.2019 година некаде до средината на 2021 година пријавените вршеле набавка на стари обрасци за издавање на официјални лични документи на граѓаните на Република Северна Македонија со тогаш веќе неуставното име на државата, со што овозможиле изработка и издавање на официјални лични документи со важност подолга од 12.02.2024 година, иако знаеле дека важноста на истите е до 12.02.2024 година. Во истиот период издавале и официјални лични документи на граѓаните на Република Северна Македонија на обрасци со поранешното име на државата, односно користеле обрасци кои што не требало да се користат.ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОТВОРИ ПОСТАПКА ЗА НАСИЛНИТЕ МАЛОЛЕТНИЧКИ
Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца поднело барање за поведување подготвителна постапка за насилство од страна на двете малолетнички, за кои излезе снимка на социјалните мрежи како тепаат соученичка во центарот на СКопје.
„Двете малолетнички, на 9 февруари, на улицата „Мирослав Крлежа“ во Скопје, ја загрозиле сигурноста на друго девојче, вршејќи грубо насилство кон оштетената. Девојчињата најпрвин разговарале и започнале да се расправаат, по што двете ја фатиле оштетената и ја собориле на земја, па ја удирале со тупаници и клоци додека не ги раздвоил сведок на настанот. Со ова предизвикале телесни повреди кај девојчето, како и чувство на вознемиреност во јавноста“, објави Обвинителството.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
