ФАКТОР НА ДЕНОТ: Jанкулоска излезе на слобода, во меѓувреме се расправа за тоа дали и каква диплома имала Миликије Халими
ЈАНКУЛОСКА Е НА СЛОБОДА
Влатко Илиевски, сопругот и адвокат на Гордана Јанкулоска, која од денеска со условниот отпуст е на слобода по три години и месец во затвор за случајот „Тенк“, во вестите на Телевизија 24 рече дека поранешната министерка за внатрешни работи во наредниот период ќе бара професионален ангажман.
„Практично дојде дома и се врати на секојдневните обврски - да се грижи за семејството и да почне да размислува на професионален ангажман во иднина. Ќе ги почитува насоките од пробациската канцеларија и Законот за санкции, рече Илиевски за ТВ24.
ДАЛИ И КАКВА ДИПЛОМА ИМАЛА МИЛИКИЈЕ ХАЛИМИ?
Премиерот Димитар Ковачевски денес го искоментира именувањето на Миликије Халими за директор на АД Аеродроми. Според премиерот, таа има универзитетска диплома и ги исполнува критериумите
„Таа е избрана од Надзорниот одбор според критериумите на АД за аеродромски услуги, што во секој случај е мало претпријатие, и врз основа на факултетската диплома што ја приложила“, рече Ковачевски.
- Со предлог на Владата?
„Да, сепак, врз основа на високото образование што го има и високото образование што го имаат и другите функционери кои вршат делегирани функции“, рече Ковачевски.ХАМАС СЕ ЗАКАНУВА СО НОВИ НАПАДИ КАКО ТИЕ НА 7-МИ ОКТОМВРИ
Палестинската терористичка група Хамас се заканува дека ќе изврши нови напади како тие на 7-ми октомври, за да го уништи Израел.
Претставникот на Хамас, Гази Хамад најави дека групата ќе продолжи да го напаѓа Израел. Кажа дека она што Хамас го направи било оправдано и дека окупацијата на Израел мора да заврши. Претставникот на Хамас рече дека нема логика Израел да постои.ШОЈГУ НАЈАВУВА ГОЛЕМА И ЕКСПРЕСНА ПОБЕДА ЗА РУСИЈА
Руската воздушна одбрана, врз основа на искуството на својот систем, може да ги собори сите ловци Ф-16 планирани за испорака во Киев за околу 20 дена, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на тематска конференција со раководството на вооружените сили на Руска Федерација
Министерот истакна дека за еден месец руската противвоздушна одбрана соборила 37 украински авиони, повеќе од 1.400 парчиња непријателско оружје, вклучително и шест проектили АТАКМС.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
