Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанкулоска доби ослободителна пресуда, се надева дека ќе се дознае кој прислушкувал

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанкулоска доби ослободителна пресуда, се надева дека ќе се дознае кој прислушкувал

ЈАНКУЛОСКА СЕ НАДЕВА ДЕКА ЌЕ СЕ ДОЗНАЕ КОЈ ПРИСЛУШКУВАЛ

Борбата продолжува, треба да се утврди кој го вршел прислушувањето, пишува на Фејсбук, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. 

„Календарски помина речиси една деценија, а како да поминаа три животи на некој што доживеал длабока старост. Само семејството и релативно мал круг блиски луѓе и пријатели знаат како изгледаа овие години. Задоволна сум од денешната одлука на судот кој ги уважи нашите аргументи. Без оглед што во кривичната постапка не се утврди виновникот за масовното прислушување, што мене како една од најголемите жртви на овој монструозен чин и на моето семејство од корен ни ги промени животите и ни нанесе ненадоместлива штета, борбата за правда продолжува и се надевам дека ако не во кривична постапка, тогаш во граѓанска постапка ќе се утврди кој го вршел прислушувањето“, напиша Јанкулоска.

СЕ ОДРЖУВА ВЕВЧАНСКИОТ КАРНЕВАЛ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на Вевчанскиот карневал. 

„Традиција стара неколку века. Вевчанскиот пасош одамна го имам, исто како и задоволството да сум дел од Василичарскиот Вевчански карневал“, пишува тој на социјалните мрежи. 

Вевчанци беа маскирани како поранешниот вицепремиер кој избега, Артан Груби, како екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, како познати пејачи и други ликови од општествено - политичкото живеење. 

СНЕЖНОТО НЕВРЕМЕ СОЗДАВА ПРОБЛЕМИ ВО МАКЕДОНИЈА

Службите извлекуваат заглавено постаро лице од снежни наноси во околината на Кочани. 

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека во тек е координирано извлекување на заглавено постаро лице од снежни наноси, кое е во својот дом во кочанското село Полаки. РЦУК Кочани известува дека постапиле по пријавата за помош на лице во село Полаки (планинско село од разбиен тип) во маало Бабиште при што контактирани се Општина Кочани, Црвен крст Кочани, ТППЕ Кочани и ДЗС Кочани. Командирот на ТППЕ Кочани стапил во контакт со братот на лицето кое се наоѓа во село Полаки за негова евакуација од страна на ТППЕ Кочани.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Дигитални номади доаѓаат во Скопје, Охрид, но и во другите делови на Македонија. Тие работат онлајн, патуваат и секое место на планетава може да биде нивна привремена канцеларија. 

Европскиот статистички центар „Евростат“ објави дека низ земјите членки на унијата растат резервациите на ноќевања преку онлајн платформите. Притоа само во третиот квартал од 2024 година е забележан раст од високи 18 проценти на онлајн резервациите.

„ Стапува на сила со објавувањето во „Службен весник““ е фраза со која секогаш започнува или завршува нешто во правниот промет на Македонија. Добива или губи легимитет. 

Јавното претпријатие „Македонија пат“ од вчера е актуелно со чистењето на снегот на регионалните и магистралните патишта, но изгледа дека додека се справува со критиките и забелешките на граѓаните, истовремено плаќа огромни суми за извршни решенија.

За конзорциумот Бехтел и Енка да може полесно да гради во земјава, ќе се менува Законот за странци, а клучните промени што ќе се направат се со цел како повеќе да се олесни ангажирањето на странските работници кои ќе работат на изградба на предвидените автопатишта.

Инвеститорите и во новава година покажаа дека сакаат да инвестираат во „проверени“, стабилни и перспективни компании и банки што котираат на Македонската берза.Инвеститорите и во новава година покажаа дека сакаат да инвестираат во „проверени“, стабилни и перспективни компании и банки што котираат на Македонската берза.

Слично

Поврзани вести