ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јакимовски поднесе кривична против непознато лице, Стејт департментот тврди дека имаат сериозни докази
СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА
Првиот човек на Општина Карпош и претседателски кандидат Стевчо Јакимовски денеска до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против непознат сторител во врска со ставањето на неговото име на „црната листа“ на американскиот Стејт департмент.
Бара да се спроведе истрага и кажа дека е подготвен да одговара пред кој било истражен орган вклучувајќи ги и тие на Соединетите Американски Држави(САД) и посочи дека има граѓани на земјава без да ги спомне нивните имиња, за кои смета дека се одговорни, како што вели, за целата подготовка околу оваа операција за нивно директно вмешување во изборната трка за претседател.УШТЕ ЕДНО ОБВИНЕНИЕ ЗА МЕРКО
Основното јавно обвинителство Струга поднесе уште еден обвинителен предлог против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко во низа.
Овој пат тој се товари за несовесно работење во службата, поради сомнежи дека кога назначувал директор на училиште во селото Лабуништа, тоа го направил противзаконски.
„Обвинетиот, како службено лице – градоначалник на општината Струга,на 31.01.2022 година, свесно ги повредил законските прописи за совесно постапување при именувањето на вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Лабуништа. Притоа, донел решение и за вршител на должноста именувал лице кое не било од редот на вработените, како што е предвидено во членот 118 од Законот за основно образование, и немала соодветно работно искуство во воспитно-образовна работа предвидено во членот 109 од Законот“,објави ОЈО Струга.ПОСКАПЕ МИНИМАЛНАТА КОШНИЧКА
Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец март 2024 година изнесува 58.998 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец февруари годинава е зголемена за 1.522 денари.
Ова го соопшти Сојузот на синдикати на Македонија, од каде посочија дека најголемо зголемување има во делот кај храната и пијалоците кои за месец март изнесуваат 22.681 денари, споредено со месец февруари, кога изнесувала 21.219 денари, што, укажуваат, е зголемување за 1.462 денари. Од ССМ наведуваат дека со изнајмен стан од 60 квадрати за месец март синдикалната кошничка изнесува 74.373 денари.
Од податоците со кои располага ССМ, од декември 2023 година до март 2024 година трошоците само за храна и пијалоци се зголемени за 1.951 односно за 9,41 отсто.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Која е производната цена на еден мегаватчас струја во РЕК Битола е прашање за милион долари!
