Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ja врзале, ја ставиле во вреќа за спиење и ја убиле Вања, распишана е потерница по Палчо

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ja врзале, ја ставиле во вреќа за спиење и ја убиле Вања, распишана е потерница по Палчо

ОБВИНИТЕЛСТВОТО И ПОЛИЦИЈАТА ДАДОА ДЕТАЛИ ЗА УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ

Девојчето било грабнато од влезот во кој живее, по добиени сознанија од таткото кога излегува и дека ќе биде само.

Несреќното дете било грабнато и веднаш со врзани раце и нозе било ставено во вреќа за спиење и ставено во гепок на возилото и потоа однесено на местото на убиството, по што автомобилот бил запален, беше речено на пресконференцијата од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Од она со што располагаме во моментот, во однос на родителот на детето, таткото, двајца од осомничените, кои се во притовор, во однос на позициите на дететото ги разбрале од осомничениот кој не е во државата, но им кажал дека терминот за излегувањето на детето од зградата го дознал од таткото...

Ова го кажа обвинителот Гаврил Бубевски на денешната пресконференција по наоѓањето на усмретено девојчето Вања.

ПОЛИЦИЈАТА РАСПИША МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА ЗА ПАЛЧО

Полицијата објави дека е распишана меѓународна потерница по Љупчо Палевски Палчо за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и за Панче Жежовски од Велес. 

„Љупчо Палевски род.12.12.1964 год. во Скопје се бара со меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување” и “убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје“, стои во објавата на МВР.

ТАТКОТО ДОБИ ПРИТВОР

Таткото на убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски вечерва оди во истражниот затвор во Шуто Оризари. Кривичниот суд го прифати барањето на обвинителството за 48-часовен притвор.

Тој на осомничениот Љупчо Палевски му дал информации во кое време ќерка му излегува од дома, за да ја киднапираат. 

ИМА ДОГОВОР ЗА ИЗБОРИ

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека Владата успеала да креира стабилност, извесност и предвидливост, со оглед дека првпат после долго време ќе имаме редовни, а не предвремени парламентарни избори. ѓ

После денешното одржување на лидерската средба, премиерот порача дека редовните претседателски избори има простор да се одржат на крајот на април, а редовните парламентарни на почетокот на мај.

Ковачевски предложил на 24-ти април да бидат првиот круг претседателски избори и 8-ти мај за втор круг претседателски и воедно парламентарни избори.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Продолжува трендот на упис на имоти под хипотека, што е сосема нормално кога станува збор за поголеми и посериозни, чија отплата понекогаш трае со години. 

Има ли Велешанката Маја Јорданова, сопственичка на скопска фирма за трговија на мало со весници и канцелариски материјал „тајната формула“ за добивање тендери во РЕК Битола? 

Не престануваат да поскапуваат кредитите во земјава. Каматната стапка на новоодобрените кредити, иако минорно, сепак, се зголемила во октомври годинава во однос на претходниот месец, покажуваат најновите податоци на Народна банка на Македонија. 

Ако во Германија и Швајцарија голем дел од населението живее во изнајмени живеалишта, во Македонија, но и во другите балкански земји е обратно.

Слично

Поврзани вести