Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Извештајот од обдукцијата на Вања стигна до Обвинителството

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Извештајот од обдукцијата на Вања стигна до Обвинителството

ИЗВЕШТАЈОТ ОД ОБДУКЦИЈАТА НА ВАЊА СТИГНА ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО

Основното Јавно Обвинителство соопшти дека извештајот од обдукцијата е доставен до оваа институција, но нема да се соопштуваат никакви детали од документот. За двојното убиство на 14 годишната Вања од Скопје и на 74-годишнит Панче од Велес е осомничен Љупчо Палевски Палчо кој во моментов е во екстрадициски притвор во Турција.

Овој извештај ќе биде дел од клучните докази во истрагата.

Осомничените Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски се во притвор, а притвор доби и таткото на Вања.

АРСОВСКА ОБЈАВИЛА ТЕНДЕР ЗА ПАКЕТЧИЊА, НО НЕ И ЗА УКРАСУВАЊЕ

Иако скопската градоначалничка Данела Арсовска упорно тврди дека е склучен тендер за новогодишното украсување на градот, сепак таа не го објавува, а истиот не е објавен ниту на сајтот на Бирото за јавни набавки. Таму ги има сите претходни договори на градот, за минатите украсувања, но не и годинешниот, пишува Фокус.

На сајтот, пред неколку дена е објавен тендер на Град Скопје склучен на 15 декември, но за новогодишни пакетчиња.

Корумпираните политичари најмногу сакаат да погрешам, но јас не грешам, вели скопската градоначалничка Данела Арсовска за Сител. 

Финансиската полиција во понеделник влегува во Град Скопје. Ќе проверува колку пари се потрошени за украсувањето на главниот град и која фирма ги добила парите, потврди директорот Иванов.

СУДЕЊЕТО ЗА ВЕАПОСКА ПОЧНУВА ОД ПОЧЕТОК

Со исказ на оштетената, Јилдз Веапоска, на која по породување со царски рез ѝ беа отстранети три органи, денеска во Основниот суд во Струга по трет пат почна судскиот процес против тројцата лекари од струшката Болница, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син, доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска.

Судењето почнува од почеток поради промена на судечкиот судија и јавниот обвинител, поради пензионирање на претходните кои го водеа процесот.

Тројцата лекари и во новиот исказ, пред судот се изјаснија дека не се чуствуваат виновни за кривичното дело што им се става на товар.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Холдингот „Перминдекс“ на Минчо Јорданов, некогаш, според „Форбс“, најбогатиот Македонец, е на удар на велешки извршител како компанија должник на која и се запленуваат уделите во две фирми во вредност од повеќе од 700.000 евра.

Македонскиот фудбал е далеку од најпопуларните европски лиги. Најмногу навивачи одат на нашите стадиони само кога игра македонската сениорска репрезентација. Полни трибини на прволигашки натпревари се исклучок од правилото... 

За периодот од јануари заклучно со ноември оваа година Управата за јавни приходи извршила поврат на ДДВ кон стопанството на сума од близу 593 милиони евра, или прецизно 36.455.848.313 денари. Овој податок во интервју за Фактор го открива директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

По објавата на министерот за здравство, Фатмир Меџити дека долгоочекуваниот лек трикафта за пациентите со реткото заболување цистична фиброза е веќе на Клиниката за детски болести, најважното прашање за нив е кој е на списокот на оние кој ќе го добијат лекот.

Мерните станици на Министерството за животна средина покажуваат дека Куманово има почист воздух во однос на другите големи градови во државата. Во овој град функционира бесплатен јавен превоз.

Знамињата во чешката престолнина денеска се на половина копје, а за утре е прогласен Ден на жалост, откако 24-годишниот студент по историја уби 14 и рани уште 25 студенти во вчерашното масовно пукање на една од најстарите високообразовни установи во Европа, Универзитетот Карло во Прага.

Слично

Поврзани вести