Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Извештајот на ЕК забележува дека Македонија нема напредок во клучните области

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Извештајот на ЕК забележува дека Македонија нема напредок во клучните области

МАКЕДОНИЈА НЕМА НАПРЕДОК ВО КЛУЧНИТЕ ОБЛАСТИ СПОРЕД ЕК

Северна Македонија се обврза да започне и приоритетно да ги спроведе уставни измени со цел во Уставот да ги вклучи и граѓаните кои живеат во границите на државата и кои се дел од други народи, со што земјата ќе се потврди како добар пример за мултиетничко општество, се наведува во се наведува во Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава во кој увид имаше МИА.

- По првата Меѓувладина конференција за процесот на преговори за пристапување во ЕУ со Северна Македонија во јули 2022 година, аналитичкото испитување на правото на ЕУ (скринингот) напредуваше непречено. Северна Македонија активно се вклучи и покажа високо ниво на посветеност за време на процесот на скрининг. Извештајот за скрининг за Кластерот 1 – „Основи“ беше претставен на Советот во јули 2023 година, се наведува во документот.

Откако Европската Комисија во годишниот извештај за Македонија нотираше дека нема напредок во борбата против корупцијата и судството, кај извршната власт молк и бегање од одговорноста. 

Да се усвојат уставните измени, без нив земјата нема да оди напред, вели еврокомесарот Оливер Вархеји. 

ОСМАНИ ВЕЛИ ДЕКА МЕМОРИЈАЛНИОТ КОМПЛЕКС ВО СОПОТ Е НА СЕМЕЈСТВО

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска рече дека меморијалниот комплекс во Сопот, каде што лидерот на ДУИ, Али Ахмети, држеше говор пред спомен одбележја со ознаки на УЧК и мермерна плоча со изгравирана Голема Албанија, му приѓа на семејство.

Османи тврди дека од ДУИ биле само во улога на гости. Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски веќе информираше дека станува збор за дивогхрадба на државна парцела за која било пред неколку години поднесено барање од физичко лице за легализација. Во меѓувреме мермерната спомен плоча со Голема Албанија беше отстранета.

„Музејот кој викендов беше отворен во селото Сопот го одбележува убиството на 60-мина селани во 1944 година. Беше погрешно претставен како музеј на УЧК, истакна денеска министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ Бујар Османи.

ЕК СО ПРЕПОРАКА ЗА ПОЧНУВАЊЕ ПРЕГОВОРИ СО УКРАИНА И МОЛДАВИЈА

Во Киев се задоволни од одлуката на ЕУ за нивните преговори. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздрави препораката на Европската комисија за почеток на разговори со Киев за пристапување во ЕУ, опишувајќи го потегот како „вистински чекор во историјата“.

„Украинците го заслужуваат тоа и поради нашата одбрана на европските вредности и поради фактот што дури и во време на целосна војна продолжуваме да ги развиваме нашите државни институции“, нагласи Зеленски.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека ова е историски ден, бидејќи десет години по настаните на Мајдан, Комисијата предлага да се отворат пристапните преговори со Украина и Молдавија.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Скопската транспортна компанија „Интер-трансшпед“ планира да ангажира лице со договор за давање услуги на кое ќе му плаќа нето износ од 70.000 денари месечно во период од две години. И тука, на прв поглед, нема ништо невообичаено. 

Се сеќава ли некој на поранешната социјалистичка фабрика „Комуна“. Основана е непосредно после втората светска војна и важи за најстарата некогашна фабрика за производство на хартија и картонска амбалажа во земјава. Таа фабрика сега има нови странски сопственици, но во првите девет месеци од годинава бизнисот воопшто не им одел добро.

Потрошувачите и натаму се во неизвесност дали рускиот гас ќе поскапе во Македонија со воведената дополнителна такса од 10 евра за мегаватчас за транзит преку Бугарија. Бидејќи најголем дел од гасот кој се користи во Македонија доаѓа од Русија, експертите велат дека ова ќе значи негово поскапување за нешто повеќе од 17 отсто, што би било тешко подносливо за македонската економија.

Странските туристи кои ја посетиле Македонија ги вкусиле ајварот, лутеницата, слаткото, но и си купуваат за дома.

Ни недостига енергија, затоа ги пиеме енергетските пијалоци, велат 13 и 14 годишни тинејџери, кои речиси секојдневно консумираат некои од овие напитоци во интересно дизајнирани лименки. 

Слично

Поврзани вести